Групацијата Volkswagen ќе заработи стотици милиони евра од трговија со масивни залихи од природен гас. Производителот на автомобили од Волфсбург претходно ги набави овие огромни количини природен гас на германскиот пазар.
Volkswagen продава договори за испорака на гас во вкупна вредност од 2,6 тераватчасови. Веста ја објави Блумберг, по увид во документите. Тоа е доволна количина гас да се снабдат околу 200.000 просечни домаќинства што користат гас за загревање на домот, за цела година.
Цените со коишто се тргува со гасот во моментов се неколупати повисоки отколку во времето кога Volkswagen ги договараше набавките, пред невидената енергетска криза што ѝ се заканува на Европа.
Според пресметките на агенцијата Блумберг, раководејќи се според движењата на цените на гасот во изминатиот период, Volkswagen би можел да заработи околу 400 милиони евра.
Компанијата првично планираше гасот да го користи в година во своите фабрики во Волфсбург, како дел од планот за оттргнување од јагленот и негова замена со почисти енергенси. Но, енормните поскапувања, заедно со економските и политички притисоци за сочувување на горивото, ја доведоа компанијата во ситуација за таа да го продава гасот и во одреден период да продолжи со користење на енергија од јаглен. Тоа го кажуваат луѓе што се запознаени со ситуацијата.
Резервите од гас, со коишто компанијата требаше да се заштити од неконтролирано движење на цените, беа обезбедени преку снабдувачот Wingas уште во 2020 година. Во тоа време, со гасот се тргуваше по цена од 30 евра за мегаватчас.
За новите зделки што ќе се потпишуваат за снабдување со гас важи цена од 200 евра по мегаватчас. Колку ќе заработи Volkswagen oд продажбата на резервите, зависи во најголема мера од тоа како цените на берзата ќе се менуваат, додека резервите постепено се продаваат во следните неколку недели.
Volkswagen is set to receive hundreds of millions of euros in trading profits as it offloads a massive natural-gas hedge https://t.co/4uyoVWHuYJ
— Bloomberg (@business) September 16, 2022
Од Volkswagen не излегуваат со коментари за интерни бизнис трансакции. Ова тргување е само еден пример за влијанието на кризата, додека бизнисите ширум континентот се соочуваат со огромни поскапувања.
Русија ја скуси испораката на гас за ЕУ, по што Унијата презеде итни мерки, за потрошувачите и компаниите да ги заштити од финансиски крах во текот на зимата. Германската влада ги притискаше индустриските гранки што се големи потрошувачи на гас, да обезбедат доволни резерви и воедно да ја смалат потрошувачката.
Од друга страна, економите утврдија дека е поевтино да се произведува електрична енергија од јаглен, отколку да се користи гас. Volkswagen ги снабдува своите фабрики во Волфсбург од локалните електрани, што користат јаглен. Двете електрани, од коишто едната испорачува стрuја, а другата топлинска енергија за фабриката и за градот, требаше да се префрлат на погон на природен гас. Тие планови сега се одложуваат.
Volkswagen сепак нема да заработи премногу од трговијата со гас, затоа што стотиците милиони евра ќе бидат потрошени да се покријат зголемените трошоци од користењето јаглен или мазут, како и за поставување нова машинерија.