Mercedes-Benz лани во октомври го прикажа специјалното возило што го нарекува Sustaineer, во коешто се тестираат низа напредни технологии и идеи. Целта на тие технологии е да се подобри квалитетот на животот во градовите, да се сочуваат ресурсите и да се штити климата, вклучувајќи и неколку мерки на грижа за здравјето и безбедноста на возачот.
Една од најважните технологии во електричниот Mercedes-Benz eSprinter за Австриската Пошта, којшто е основа на возилото за технолошко истражување Sustaineer, се филтрите за ситни честички. Тоа се токму PM-честичките по чијашто фатална концентрација во студениот период од годината е прочуена Македонија. Техниката е развиена со специјалистот за филтри MANN+HUMMEL. Во минатиот месец, Mercedes Benz Vans започна соработка со Австриска Пошта, со цел да се тестира делотворноста на техниката. Возилата се користат во вистински сообраќај во Грац. Резултатите од тестирањето ќе бидат објавени кон крајот на годината.
Двете поштенски возила Mercedes-Benz eSprinter ги поседуваат истите филтри како Sustaineer, коишто се вградени во предниот дел од возилото. Возилата се заменуваат преку една недела, за на тој начин да се добијат веродостојни податоци за ефектот од пречистувањето на воздухот. Во нив се вградени и сензори за ситни честички, коишто ја мерат загаденоста на воздухот со PM.
Потегот на Австриска Пошта се надоврзува на паметниопт концепт на градот, којшто се води како „Grünes Graz“, односно Зелен Грац. Од минатиот ноември, целиот возен парк на Австриска Пошта во Грац се состои исклучиво од електрични возила, за достава на пакети, писма, брошури и печатени медиуми. Најдоцна до 2030 година, Поштата во целата земја ќе разнесува електрично. Од оваа пролет, австриските поштари го обновуваат возниот парк само со електрични возила.
https://photos.app.goo.gl/bspdSziMEpQeZUPy7
https://photos.app.goo.gl/bfR2ejTbnffX8gzA6
Возилото Sustaineer поседува два филтри што го пречистуваат воздухот од ситните честички што се ослободуваат од сопирачките, гумите и од самиот асфалт. Техниката го чисти воздухот од честички со големина ддо 10 микрометри (PM10) директно околу возилото и загаденоста на воздухот ја смалува за 35 проценти додека возилото ја полни батеријата, односно за 15 проценти додека возилото е во движење. Колку е повисока загаденоста на воздухот, толку и делотворноста на филтрите се зголемува. Тоа значи дека во Скопје би се постигнал уште повисок ефект на пречистување на воздухот преку филтрите на MANN+HUMMEL. Филтрите едноставно се заменуваат во рамките на редовното сервисирање на возилото.
На покривот на камионите што ги користи Австриската Пошта обично има поставено соларни панели

DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија
















