за

Volkswagen ID Buzz распродаден, најмногу возила во Норвешка

Volkswagen веќе продаде две третини од годишната продукција на електричното комбе ID Buzz. Од Норвешка и Германија доаѓаат најмногу нарачки.

Еден месец пред почетокот на испораката, електричното комбе Volkswagen ID Buzz, што се повикува на историскиот Bulli, речиси е распродадено. Повеќе од 10.000 нарачки се пристигнати досега, главно од Норвешка и Германија.

Една третина од нарачките се пристигнати од клиенти во Норвешка, тоа се 3.400 нарачки за ID Buzz. Втор најголем пазар е Германија, со 2.500 нарачки, што одговара на една четвртина од планираната продукција. Потоа следат Холандија со 1.100 нарачки и Белгија со 1.000 возила.

Вработените во фабриката на Volkswagen во Хановер, Германија, каде што се произведува ID Buzz, дознаа за големото достигнување од е-писмото од директорот за продажба на огранокот за товарни возила на Volkswagen, Ларс Краузе. „Десет илјади нарачки, уште пред автомобилот да се појави кај дилерите и пред клиентите да го пробаат. Тоа е импресивно“, напиша Краузе.

Сериското производство во Хановер започна во мај, а првите возила ќе пристигнат кај своите сопственици во октомври. До крајот на годината е предвидено производство на 15.000 возила, што значи дека повеќе од две третини од нив веќе имаат сопственици. За 2023 година се планирани 60.000 примероци од ID Buzz, за во следната година да се дојде до 130.000 возила.

Покрај патничката изведба, се нуди и товарна изведба, за пазарот на комерцијални возила, којшто се покажа свесен за предностите на електричниот погон. Продажбата уште не е стартувана во Велика Британија и Франција.

Моделската понуда на ID Buzz почнува од 54.430 евра во Германија за товарната изведба, односно од 64.581 евра за патничката изведба Pro со пет седишта. Планот на Volkswagen во следните години е комбето да се користи во светски рамки како возило за роботизирана испорака, како и за групен превоз. Технологијата за автономно возење на Argo AI ќе биде клучна за користењето на ID Buzz во тие цели.

На електричниот ван со впечатлив дизајн наскоро ќе им се придружат електрични верзии од VW Transporter 6.1, од камперот California и од големиот Crafter. Во почетокот на 2024 година, ID Buzz ќе стартува со испораки во САД, каде што исто така се очекува голема побарувачка.

Volkswagen го ангажира Оби-Ван Кеноби за стартот на електро-комбето ID.Buzz

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche планира од електричниот Macan да продава исто колку од бензинецот

Кинески BYD продава во Данска, Германија, Шведска и Холандија