за

Volkswagen го ангажира Оби-Ван Кеноби за стартот на електро-комбето ID.Buzz

Volkswagen соработува со Оби Ван Кеноби, со новата серија на Војна на Ѕвездите, за да привлече нов круг купувачи. Актерот Јуан Макгрегор е новиот амбасадор на марката.

Волфсбург внесува уште повеќе емоции во позиционирањето на марката Volkswagen во ерата на електрификацијата. При пазарното воведување на електричното комбе ID. Buzz, наследник на легендарниот Bulli, Volkswagen соработува со новата серија на Војна на Ѕвездите, именувана Оби-Ван Кеноби, којашто ќе стартува на 27-ми мај на Дизни Плус.

Кампањата започнува со посебен спот, којшто е изработен во соработка со Lucasfilm и Industrial Light & Magic. Електричното комбе ID. Buzz се наоѓа во филмска улога, покрај познатите ликови од Војна на Ѕвездите, како и филмската ѕвезда Јуан Мекгрегор.

Со овој спој на Volkswagen и култната филмска серија се соединуваат две марки што имаат глобална моќ, но се соединуваат и генерациите на фанови што пораснале со своите идоли. Јуан Макгрегор, ликот на Оби-Ван Кеноби и воедно нов амбасадор на марката, важи како љубител и колекционер на автомобили од марката Volkswagen. Тоа ѝ дава веродостојност на оваа соработка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вистински теренец SsangYong Torres доаѓа в година, погонот на струја

Kia и Рафа Надал преку „Kia Clubhouse“ даваат поттик за новата генерација тенисери