за

Kia и Рафа Надал преку „Kia Clubhouse“ даваат поттик за новата генерација тенисери

Иницијативата на Kia и Рафаел Надал, тенискиот ас кој уште од почетоците ужива подршка од производителот, има за цел играњето тенисот да го направи подостапно.

Клубот на Kia и Рафа Надал стартува од Париз, каде што на дечињата ќе им бидат обезбедени опрема и тренинзи. Ненадејното појавување на шпанската тениска ѕвезда ги одушеви најмладите тенисери.

Корпорацијата Kia и Рафаел Надал, соработуваат во лансирањето на „Kia Clubhouse“. Тоа е нова иницијатива, што има за цел, тенисот да го направи подостапен и да ја инспирира следната генерација фанови на тенисот.

Воведниот настан се одржа во Париз, на којшто присуствуваа 18 дечиња од локалната организација Fête le Mur и уште шест дечиња од тенискиот клуб Gennevillois. За превозот секако дека беше задолжен возен парк на Kia, согласно мотото „Движење што инспирира“. Највпечатлив модел беше електричниот кросовер EV6, воедно и европски автомобил на годината, а сосем очекувано, возниот парк беше комплетиран со најпродаваниот модел, новиот Sportage.

На пристигнување, дечињата беа дарувани со пакет за добредојде, вклучувајќи тениска опрема од Babolat. Големото изненадување беше моментот кога Рафа се појави на настанот.

Шпанецот кој е 21-кратен шампион на Гренд-слем и светски амбасадор на Kia, изјави „Фондацијата Рафа Надал сработе многу во поддршка на децата на коишто тоа им е потребно најмногу и сведоци сме на влијанието што дениусот и спортот може да го имаат во образувањето на децата. Навистина сум среќен за соработката со Kia во Kia Clubhouse, за тенисот да го направиме подостапен за повеќе деца ширум светот.“

Иницијативата Kia Clubhouse ќе го започне светското патување в година, со посета на главните градови на тенисот во светски рамки.

Рафаел Надал вози електрична Kia EV6

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen го ангажира Оби-Ван Кеноби за стартот на електро-комбето ID.Buzz

Mercedes-Benz притиска на луксуз: Помалку модели, поскапи модели