за

Рафаел Надал вози електрична Kia EV6

Во родниот Манакор на Мајорка, светската тениска ѕвезда ги презеде клучевите од својот нов службен автомобил од Kia, што се разликува од претходните, затоа што е електричен автомобил, Kia EV6.

Тениската легенда и амбасадор на Kia, Рафаел Надал, денес ја презеде новата должност да го промовира електричниот погон, со седнувањето во електричниот кросовер Kia EV6, што тој ќе го користи како свој главен превоз во следниот период.

Рафаел Надал од денес е горд возач на новиот службен автомобил со електричен погон, Kia EV6. Кросоверот, што деновиве стартува со испорака на најголемите пазари во Европа, му беше предаден на тенискиот ас на настан во родниот Манакор, на шпанскиот остров Мајорка, во седиштето на Академијата Рафа Надал.

Шпанскиот тенисер, што ужива поддршка од Kia уште од самиот почеток на својата кариера, на настанот зборуваше за заедничката визија со неговата омилена автомобилска марка, за создавање свет што ќе биде подобар и за инспирирање на новата генерација возачи да ги цени придобивките од електричниот погон.

Рафа активно ќе го користи електричниот кросовер Kia EV6 додека престојува на Мајорка, како и на главните тениски турнири во следната година, вклучувајќи го и отвореното првенство во тенис на Австралија. Следен чекор е сите возила што се користат во возниот парк на Академијата Рафа Надал и на Фондацијата Рафа Надал да бидат заменети со електрични во 2022 година.

New photo by Automedia MK / Google Photos

„Мојата работа бара многу патување, а мојот животен стил не е особено одржлив во поглед на животната средина. Но, решен сум да ги направам потребните промени каде што тоа е можно, почнувајќи со користењето на кросоверот EV6 на Мајорка и надвор.“ Рафаел Надал понатаму спомна дека сака да ги охрабри сите, да му се придружат во возењето електрични возила каде што тоа е можно.

Осветлувањето на тенискиот терен користеше напојување директно од батеријата на Kia EV6

Посебен печат на настанот даде осветлувањето на тенискиот терен, што целосно користеше електрична енергија испорачана од батеријата на Kia EV6 GT-Line на тенискиот суперстар. Тоа е воедно и специјалната можност на којашто Kia често упатува, имено на EV6 може буквално да се приклучи домашниот ладилник или телевизор, и да се напојува директно од батеријата на автомобилот.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Електричната Kia со субвенцијата во Германија стартува од 35.420 €

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Украдените автомобили во Германија првпат поскапи од 20.000 € во просек

Повеќе електрични од бензински автомобили по патиштата во Осло