за

Украдените автомобили во Германија првпат поскапи од 20.000 € во просек

Осигурителите во Германија лани првпат плаќале во просек повеќе од 20.000 евра по украдено возило. Крадците ја оштетиле државата за 214 милиони евра.

Бројот на украдени автомобили во Германија лани бил намален за близу 25 проценти, на вкупно 10.697 патнички автомобили со каско осигурување, меѓутоа била предизвикана повисока штета. Осигурителите компании во земјата првпат исплаќале во просек повеќе од 20.000 евра за украдено возило.

Крадците лани си присвоиле недозволено близу 11.000 патнички автомобили со каско осигурување и предивикале економска штета во висина од 214 милиони евра. Криминалците најчесто избираат СУВ. Меѓу десетте најчесто крадени модели има дури седум модели од овој сегмент. Land Rover, BMW и Toyota, сите имаат по два модели во Топ 10 на крадците.

Од марките, најголема опасност од кражба на автомобилот има кај Land Rover. Ризикот се пресметува според тоа колку автомобили во просек се крадат на одреден број каско осигурани возила од одредена марка. Додека вредностите кај останатите марки се намалени, лани за една третина пораснал вкупниот број на украдени возила Land Rover, на вкупно 190 примероци. На секои 1.000 возила со знакот на британската марка, што се каско осигурани, во просек доаѓаат по две украдени возила. 

Најголема опасност од кражба во Берлин, најмала во Баварија

На ниво на градови и сојузни покраини, најголемиот број на кражби и натаму се случуваат во Берлин. Лани секој петти украден автомобил во Германија бил отуѓен во Берлин. Само во престолнината се украдени 2.267 каско осигурани патнички автомобили, а штетата изнесува близу 50 милиони евра. Најголема шанса за сопственикот да си го најде автомобилот каде што го оставил и натаму има во Баварија и во Баден Виртемберг. Во двете покраини заедно не се украдени толку автомобили колку во Берлин.

Најголем број украдени автомобили во Германија по марки (2020)

1 Volkswagen-VW 1780
2 Audi AG 1360
3 BMW (inkl. Mini) 1325
4 Mercedes-Benz 1127
5 Toyota (inkl. Lexus) 592
6 Ford/Europa 541
7 Mazda 515
8 Renault 340
9 Opel 302
10 Hyundai 275
11 Skoda 264
12 Porsche 257
13 Mitsubishi 235
14 Fiat (Alfa Romeo, Lancia) 228
15 Nissan 221
16 Land Rover Group 190
17 Kia 154
18 Peugеot 130
19 Seat 123
20 Citroën 81

Број на украдени автомобили на секои 1.000 каско осигурани возила од одредена марка (2020)

1 Land Rover Group 1,9
2 Porsche 1,0
3 Mazda Motor Corporation 0,7
4 Mitsubishi 0,5
5 Toyota (+ Lexus) 0,5
6 Audi AG 0,5
7 BMW (+ Mini) 0,4
8 Nissan 0,3
9 Mercedes-Benz 0,3
10 Fiat (Alfa Romeo, Lancia) 0,3
11 Renault 0,2
12 Kia 0,2
13 Hyundai 0,2
14 Volkswagen-VW 0,2
15 Ford/Europе 0,2
16 Peugeot 0,2
17 Citroën 0,1
18 Skoda 0,1
19 Seat 0,1
20 Opel 0,1

Најчесто крадени модели (на секои 1.000 каско осигурани автомобили)

1 Land Rover Velar 15,5
2 BMW X6 (II ген) 45.408 € 9,0
3 Kia Stinger (I ген) 31.738 € 6,7
4 Land Rover Range Rover (III ген) 60.067 € 5,9
5 Toyota Lexus NX (I ген) 28.718 € 4,4
6 Toyota LandCruiser (IV ген) 38.794 € 4,3
7 Toyota Prius+ (I ген) 19.770 € 3,9
8 Porsche 911 (III ген) 52.794 € 3,5
9 Ford/USA Edge (I ген) 29.122 € 3,4
10 BMW X5 (III ген) 43.263 € 3,4
11 Hyundai Santa Fe (IV ген) 35.663 € 3,4
12 Mazda CX-5 (II ген) 21.888 € 3,2
13 Toyota RAV4 (IV ген) 22.545 € 3,1
14 Mitsubishi Outlander (III ген) 29.744 € 2,9
15 Toyota Lexus CT200 (I ген) 16.064 € 2,9
16 Kia Sorento (III ген) 31.285 € 2,7
17 Audi A8 (III ген) 49.054 € 2,6
18 Mercedes-Benz GLS (I ген) 50.976 € 2,6
19 Renault Talisman (I ген) 19.884 € 2,6
20 Toyota RAV4 (V ген) 34.657 € 2,5
21 Porsche 911 (II ген) 52.940 € 2,5
22 Porsche 911 (VII ген) 119.676 € 2,4
23 Mercedes-Benz S-Klasse (VIII ген) 46.190 € 2,4
24 BMW 6er GT (I ген) 48.151 € 2,3
25 Mercedes-Benz Sprinter (II ген) 23.743 € 2,3
26 BMW 7er (VI)
27 Mercedes-Benz AMG-GT (I)
28 Toyota C-HR (I)
29 Renault Espace (V)
30 Audi Q7 (II)
31 Audi A7 (I)
32 BMW X4 (I)
33 BMW X5 2./X6 (I)
34 BMW 6er (III)
35 Toyota Auris (II)
36 Porsche Panamera (I)
37 Porsche Cayman (II)
38 Toyota GT86 (I)
39 Porsche Cayenne (II)
40 BMW 7er (V)
41 Audi Q7 (I)
42 Nissan X-Trail (III)
43 Audi Q5 (II)
44 Audi Q5 (I)
45 Citroen DS5 (I)
46 Mercedes-Benz GLE (I)
47 Audi A5 (I)
48 Toyota Lexus RX (III)
49 Citroen Jumper (II)
50 Mazda Mazda3 (III)

>>> Француските крадци смислија дрска шема по автопатиштата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Toyota колку Coca-Cola: Највредната автомобилска марка во светот

Рафаел Надал вози електрична Kia EV6