за

Toyota колку Coca-Cola: Највредната автомобилска марка во светот

Името Toyota е седмо највредно име на марка во светски рамки, според рангирањето на Interbrand. Со вредност од 54 милијарди долари, Toyota на седмото место е само 3 млрд. $ зад Coca Cola.

Toyota колку Coca-Cola: Највредната автомобилска марка во светот

Во прогласувањето на Best Global Brands за 2021 година, марката Toyota повторно е најпродавана автомобилска марка во светот. Заедно со Mercedes-Benz, едно место подолу, тоа се единствените две марки автомобили во Топ 10.

Повторно седмо место за Toyota во рангирањето на највредните марки во светот и прво место во конкуренција на марки автомобили. Со вредност на марката проценета на 54,107 милијарди долари, Toyota годинава напредувала за дури 5% во споредба со лани. 

Експертите од американската консултантска компанија Interbrand, којашто го објавува светски признаеното рангирање, ценат дека „Toyota произведува широка палета од возила на целата планета и презема значајни чекори во развојот на еколошки автомобили, коишто ќе ни помогнат да прераснеме во општество со ниска емисија на јагленород“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Toyota во последните две децении постигна исклучителен раст во вредноста на марката, од 18,823 милијарди американски долари во 2000-та година, на сегашните над 54 милијарди долари. Марката на јапонскиот производител на автомобили е веднаш по Apple, Amazon, Microsoft, Google, Samsung, и Coca-Cola.

Највредни 20 марки во светот

New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Toyota им издава сертификати на „милионерите“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Mercedes-Benz е највредна луксузна марка автомобили во светот

Украдените автомобили во Германија првпат поскапи од 20.000 € во просек