Mercedes-Benz е највредна луксузна марка автомобили во светот

Mercedes-Benz ја потврди својата врвна позиција, како единствена европска марка меѓу десетте највредни марки во светот во рангирањето на „Best Global Brands 2021“. 

Во последното рангирање на познатата консултантска компанија Interbrand, марката со сребрената ѕвезда повторно е на осмото место, на истото место што го држи уште од 2018 година. Вредноста на марката Mercedes-Benz годинава се зголемила за 3 проценти во спроедба со лани и изнесува 50,866 милијарди американски долари. Со тоа, Mercedes-Benz шеста година по ред се докажува како највредна луксузна автомобилска марка во светот и воедно единствена во Топ 10.

Бетина Фецер, директорка за комуникација и маркетинг во Mercedes-Benz AG, коментира за успехот: „Повторното пласирање меѓу Топ 10 и зголемената вредност на марката се успеси на коишто сме посебно горди како тим на Mercedes-Benz. Резултатот уште еднаш го потврдува нашиот стратешки курс – како компанија, но и во поглед на позиционирањето на марката. Mercedes-Benz го менува традиционалното разбирање на луксузот во модерна интерпретација, што става нагласок на вредностите, како што се одржливоста, иновативноста и индивидуалноста, создава свест за свет што нуди нови можности и со тоа го поттикнува одушевувањето за одржливата мобилност.“

https://photos.app.goo.gl/4kmW4oM9n5mE5ycC6

Групацијата се подготвува уште пред крајот на деценијата да премине на целосно електричен погон – каде што пазарните услови го дозволуваат тоа. Целта е да се постигне водство во електричните возила и во софтверот за возила.

Mercedes е највредна луксузна марка автомобили во светот, пред неа сепак има уште еден гигант, Toyota.

Студијата е достапна под www.bestglobalbrands.com

>>> Maybach во салонот на Мак Аутостар има 141 ставка опрема

Претходна објаваPeugeot 3008 во Еуроимпекс: Хибридниот погон е природна средина за лавот
Следна објаваToyota колку Coca-Cola: Највредната автомобилска марка во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here