Вистински теренец SsangYong Torres доаѓа в година, погонот на струја

Со својот најнов модел SsangYong Torres, јужнокорејската марка повикува на авантура. Моделот се развиваше под кодната ознака J100 и претставува теренски способен СУВ, што воедно го прикажува и новиот дизајнерски јазик на марката, „Powered by Toughness“.

Корејскиот специјалист за СУВ ги објави првите слики и видеа за моделот што уште летово ќе почне да се продава на домашниот пазар, а во 2023 година пристига и во Европа, во целосно елеткрична изведба.

Името кажува сé: Инспирирано е од националниот парк Торес дел Паин, којшто се наоѓа во Патагонија, во јужниот дел на Чиле. Истиот се протега преку планини, ледници, езера и реки. Новиот SsangYong Torres ќе посредува чувство на авантура, слобода и робусност. .

Како современо толкување на препознатливото и изворно дизајнерско наследство на марката, новиот СУВ првенствено оддава робусност. Со тоа, Torres треба да се издвојува од софт-СУВ моделите, коишто со изгледот повеќе се приспособени за урбаната средина. Во предниот дел се забележува исправена и впечатлива марка, додека назад се издвојува стилизираниот носач на резервно тркало, со што се нагласува карактерот на вистинско теренско возило.

https://photos.app.goo.gl/sVM12GGu1EUcSvh5A

Torres во понудата на SsangYong ќе се постави меѓу компактниот Korando и луксузниот Rexton. Корејците очекуваат дека со влегувањето во овој сегмент ќе постигнат поголем раст во продажбата.

https://photos.app.goo.gl/M5xy6qfVTsKzTArF7

Производството на новиот SsangYong Torres ќе започне веќе во следниот месец. Моделот се очекува на европскиот пазар кон крајот на следната година, во изведба со 100% погон на струја.

Детали за техниката уште не се откриваат.

Претходна објаваНајскапиот автомобил е Mercedes-Benz и чини 135 милиони евра
Следна објаваVolkswagen го ангажира Оби-Ван Кеноби за стартот на електро-комбето ID.Buzz

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here