за

Најскапиот автомобил е Mercedes-Benz и чини 135 милиони евра

Највредниот автомобил во светот е Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupé, продаден по рекордна цена од 135 милиони евра, со цел за основање на фондот на Mercedes-Benz.

Тоа е најскапиот автомобил во историјата. Еден од двата исклучително ретки оригинални примероци од 300 SLR Uhlenhaut Coupés од колекцијата на историски модели на Mercedes-Benz, продаден е на приватен колекционер по цена од 135 милиони евра.

Со сумата од продажбата ќе се основа глобален „Mercedes Benz Fund“, преку којшто на младите ќе им се овозможат стипендии за образование и за истражување, во подрачјето на науките за заштита на животната средина и декарбонизацијата.

Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupé потекнува од 1955 година и именуван е според својот конструктор и главен инженер Рудолф Уленхаут. Сцената го познава овој автомобил како еден од највпечатливите примери на автомобилска конструкција и дизајн.

Продажбата на 300 SLR Uhlenhaut Coupés се одржа на 5-ти мај во рамките на аукција во музејот на Mercedes-Benz, во соработка со ценетата наддавачка куќа RM Sotheby’s. На истата биле поканети избрани клиенти на Mercedes-Benz и светски колекционери на автомобили и уметнички дела, коишто ги ценат вредностите на марката Mercedes-Benz. Автомобилот потекнува од колекција што е недостапна за јавносста и содржи повеќе од 1.100 возила, почнувајќи од првиот автомобил во светот, од 1886 година, до денес.

Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Свеченото доделување на „Autobest“ за 2022 година ќе се одржи во Стразбур

Вистински теренец SsangYong Torres доаѓа в година, погонот на струја