за

Свеченото доделување на „Autobest“ за 2022 година ќе се одржи во Стразбур

Стразбург е главен град на Европа и официјален дом на Европскиот Парламент. Одлуката АУТОБЕСТ да го организира гала настанот во Стразбург е длабоко поврзана со ориентацијата да се стане поблизок со желбите на европските купувачи.

Годинава локацијата на настанот нема да биде јавно објавена до денот на одржувањето. 21-вата едиција е креирана околу интригирачки концепт, потенцирајќи ја француската култура.

Дан Варди, оснoвач и претседавач на АУТОБЕСТ, изјави: „Според нашата традиција, еднаш во 32 години правиме настан во некоја од земјите членки посакаме добредојде на водечкиот мотористичките медиумски настан во Европа и во Светот. Оваа година тоа е Франција. АУТОБЕСТ ги претставува Европските мотористи, давајќи им проверени информации што е најдобро од автомобилската индустрија, од „Best Buy Car of Europe“, со специјални признанија посветени за остварување во полето на технологија, дизајн, конективност, мотоспорт итн.

Во рамките на свеченото доделување на наградите, врвното европско признание, Best Buy Car of Europe 2022, ќе ѝ биде предадено на Dacia, за 100% електричниот Dacia Spring. Останатите награди што ќе бидат врачени во текот на церемонијата се:

COMPANYBEST 2022 : Pininfarina S.p.A

MANBEST 2022: Mate Rimac

ECOBEST 2022: Renault Megane E-Tech

SAFETYBEST 2022: Isuzu D-Max

SMARTBEST 2022: Mercedes-Benz MBUX Hyperscreen

SPORTBEST 2022: Alejandro Agag, Founder of Formula E and Extreme E

DESIGNBEST 2022: Walter de Silva

Гала вечерта ќе биде пренесувана на вебсајтот на АУТОБЕСТ (www.autobest.org), на Facebook и YouTube каналот AUTOBEST.

New item by Automedia MK / Google Photos

Организацијата АУТОБЕСТ е основана 2001 година со револуционерен концепт „највреден автомобил за парите“ достапен на европскиот пазар. Вкупно 31 европска нација е застапена во жирито, плус Русија која е привремено суспендирана, и преставува огромно мнозинство на европската популација. За еден автомобил да стане победник на АУТОБЕСТ, мора да ја претставува најдобрата понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, дистрибуцијата на резервни делови и разноврсноста се најважни критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии станаа важни критериуми во гласањето. АУТОБЕСТ користи транспарентен систем на гласање со комплексна матрица сочинета од 13 критериуми за да го избере победникот.

Член на Аутобест од Македонија е нашиот колега Крумислав Барзов, автор и водител на емисијата Авто Магазин.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mazda sediste japonija

Mazda се враќа во зоната на добивка

Најскапиот автомобил е Mercedes-Benz и чини 135 милиони евра