Mazda се враќа во зоната на добивка

mazda sediste japonija

Продажбата на Mazda на европскиот пазар во минатата деловна година (од 1-ви април 2021 до 31ви март 2022) се зголемила за 7,2 проценти, на 163.000 возила. Соодветно и пазарниот удел се зголемил за 0,1 процентен бод, на 1,2 процент. Исто напредува и бизнисот во Северна Америка, кадешто е постигнат раст од 9% и вкупно се продадени 439.000 возила. Домашниот пазар регистрирал 149.000 нови возила Mazda, што е пад од 16 проценти. Голем пад забележа и кинескиот пазар, со 170.000 продадени возила или за 26% помалку отколку во претходната деловна година.

Вложените напори за зголемување на продажбата, намалување на трошоците и работа во услови на променлива стапка на профитабилност, донесоа резултати. Mazda во минатата деловна година постигна промет во висина од 23,8 милијарди евра и оперативен профит во вредност од 795,4 милиони евра. Нето заработката изнесува 622,9 милиони евра.

Јапонскиот производител е резервиран во поглед на предвидувањата за бизнисот за тековната година. Се укажува на неизвесноста што ја носи војната во Украина, на недостигот од полупроводници, како и во растот на цените на суровините. Со воведувањето на новите модели CX-50 и CX-60, за претстојната деловна година се предвидува раст од 1.349.000 возила.

Најголем напредок во продажбата се очекува во Северна Америка, Јапонија и Европа. Доколку сé мине според предвидувањата на менаџерите на Mazda, новата деловна година би завршила со 28,5 милијарди евра промет и нето заработка во висина од 601,5 милиони евра.

Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон

Претходна објаваВо новите модели на Renault Samsung ќе работи техника од Geely и Volvo
Следна објаваСвеченото доделување на „Autobest“ за 2022 година ќе се одржи во Стразбур

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here