за

Кинески BYD продава во Данска, Германија, Шведска и Холандија

Продолжува проширувањето на дилерската мрежа на кинеската електро-марка BYD во Европа. Нов пазар е Данска, каде што исто така презема дилер што работи со големи марки.

Водечкиот производител на електрични возила во Кина, BYD, наскоро стартува со продажба и на данскиот автомобилски пазар. Тоа е веќе четврти голем пазар за електрични возила во Европа на којшто ќе бидат достапни возилата на Build Your Dreams.

Групацијата Nic. Christiansen ќе го отвори својот прв салон за BYD во Копенхаген во текот на есента. Во портфолиото на оваа групација, што се бави со продажба и сервисирање на автомобили уште од 1967 година, спаѓаат Hyundai, Honda, Land Rover и Jaguar. Освен во Данска, групацијата е пристутна и во Норвешка, Шведска, Финска и во балтичките држави.

Годинава тоа е трет голем европски дилер што потпишува со BYD, откако претходно стартуваа шведскиот дилер Hedin Mobility Group и холандскиот дилер Louwman Group. Швеѓаните, освен домашниот пазар, ќе го покриваат и големиот германски автомобилски пазар.

BYD, што е скратено од Build Your Dreams, во март престана да произведува автомобили со мотор со внатрешно согорување и целосно ја префрли својата понуда на возила со електричен погон. Само во јули, оваа кинеска компанија што во дел е во сопственост на американскиот милијардер Ворен Бафет, испорача 162.214 чисто електрични и приклучни хибридни автомобили на светскиот пазар. Продажбата на Кинезите напредувала 224 проценти во споредба со истиот месец лани.

Од јануари до јули, BYD продаде вкупно 800.371 патнички автомобил со електричен погон, што е четирипати повеќе отколку во минатата година.

BYD ја започнува европската експанзија од Норвешка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Volkswagen ID Buzz распродаден, најмногу возила во Норвешка

Фабриките на Peugeot и Citroen полека се враќаат во полн капацитет