за

Suzuki Vitara во уште една хибридна изведба, врв во гамата

Хибридниот погон прерасна во стандард во Suzuki, марката во моментов нуди три различни изведби што користат електромотор во погонот. Suzuki Vitara 1.5 Hybrid 140V може да вози неколку километри на струја.

Ознаката дека станува збор за хибриден погон е нова за Suzuki, ниту е нова за Vitara. Благиот хибриден погон, којшто подразбира 48-волтен стартер-генератор, веќе извесно време се нуди во Vitara и купувачите ја бараат таа изведба. Но, во Suzuki секогаш мора да има нешто ново. Како врв во гамата на Vitara доаѓа изведба со полн хибриден погон, со системски 115 КС и со можност за електромоторот да го преземе погонот и така да се извози половина град.

Suzuki Vitara најверодостојно ја прикажува хронологијата на електрификацијата што го зафати автомобилскиот свет. Кога првпат се појави во оваа генерација, Vitara се нудеше со 1,6-литарец со 120 КС, потоа со 1,4-литарец Boosterjet S со турбонатполнење и 140 КС, а се вградуваше и дизел 1.6 DDiS со 120 КС.

Генерациското освежување во 2018 година ѝ донесе на Suzuki Vitara 1,0-литарски Boosterjet со 112 КС, како замена за 1,6-литарецот. Посилната изведба со 140 КС остана во понуда, во меѓувреме дизелот комплетно исчезна од јапонската марка. Дизелот доби современа замена, хибриден погон. Suzuki меѓу првите производители почна масовно да го вградува благиот хибриден погон во своите модели, во 12-волтна варијанта во подостапните модели, конкретно во Ignis и во Swift, односно во посилна варијанта со 48-волтна архитектура, во Vitara и S-Cross.

Храброто воведување на електромоторот во служба на погонот, било да е благ хибрид, било да е приклучен хибрид со два погонски електромотори и над 300 КС, како кај Across, направи Suzuki денес да има една од најхомогените понуди на погонски варијанти.

И повторно, новина во Suzuki Vitara, иако таа веќе одамна беше најавена. Во моделот што во првото полугодие постигна близу 20.000 продажби на европскиот пазар, од летово работи и полн хибриден погон. Под „полн“, главно се подразбира дека елетромоторот е во состојба самостојхно да го движи возилото на одредено растојание, односно колку што има енергија во батеријата.

Кусо видео со хибридната Витара што го снимивме пред салонот на Сузуки Македонија

Suzuki посочува јасно: Со полна батерија со капацитет од 840 ватчасови, Vitara 1.5 Hybrid 140V може при постојано темпо од 80 km/h да извози околу 4,5 километри. Тоа значи дека на враќање од планински излет, може да се смета дека батеријата по спуштањето ќе биде целосно наполнета и во чисто електричен режим ќе може да се мине на струја растојание што е доволно за возачката или возачот да ги усреќи во електро-способноста на нивниот Suzuki. Електромоторот е со моќност од 24,6 kW, односно над 33 КС, а максималниот вретежен момент изнесува 152,7 Nm. Системската моќност изнесува 115 КС.

Електрификацијата во Suzuki започна уште во 2016 година, со прочуениот Baleno

Посебноста на хибридната изведба на Vitara е во менувачот AGS. Тоа е автоматизиран менувач, односно во основата е класичен мануелен менувач, меѓутоа активатори што се управувани од интелигентна електроника го преземаат префрлувањето меѓу степените на пренос. Во возењето генерално нема разлика во поглед на ракувањето и комоцијата, во споредба со класичен автоматик. Предноста, секако, лежи во тоа што автоматизираниот, односно роботизиран менувач, чини далеку под цената на класичен автоматик со претворач на вртежен момент. Тоа е причината зошто Suzuki се решил за вакво решение. Увозникот ни најави дека наскоро ќе имаме можност за тест-возење на Suzuki Vitara 1.5 Hybrid 140V.

Специјалистот секако дека не пропушта хибридната Vitara да ја понуди и во изведба со погон на сите тркала 4WD Allgrip

Моторот од 1,5-литар е нов во Vitara, носи ознака 1.5 DualJet K15C и посебно е приспособен за работа во хибридна спрега, со еткинсонов режим и висок степен на компресија од 13:1, со моќност од 102 КС. Уште една посебност е тоа што Vitara Hybrid користи и стартер-генератор.

Тежината е за околу 80 килограми повисока во споредба со верзијата на Suzuki Vitara со 48-волтен хибриден погон. Според нормата WLTP, предноста во просечната потрошувачката е 0,1 литар, меѓутоа во реални услови секакио дека поверно ќе се прикаже делотворноста од работата на електромоторот и батеријата. Сепак треба да се има предвид дека станува збор за модел со „автоматски“ менувач. Тестот ќе покаже најдобро.

Новата верзија на Vitara е достапна во двете повисоки нивоа на опрема. При споредба со 1.4 BoosterJet со ниво GL+, целосно хибридниот модел е поскап 3.000 евра. За изведбата со погон на сите тркала треба да се смета на уште околу три илјади евра. Опременоста, вообичаено за Suzuki, создава одлична противвредност. Во нивото GL+ стандардно следат задна камера, грејачи во предни седишта, пристап и старт без клуч, хромирана маска, заедно со богатиот арсенал од системи за асистенција, што се вградуваат уште во основното ниво GL кај изведбата со благ хибриден погон.

Претходните тестови на Suzuki Vitara

Тест: Suzuki Vitara 1.0 Turbo GL Plus

Како Suzuki Vitara ја укина индустријализацијата на секојдневието

Тест • Suzuki Vitara 1.6 AllGrip GL PLus

Каков избор на користен автомобил е Suzuki Vitara

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ќе продава гас, заработка 400 милиони евра

dacia sandero stepway salon

Dacia ќе вградува бензинци и по 2030 година