Првиот автомобил што победи на Монца пред 100 години е Fiat

На Аутодромо Национале ди Монца во неделата се возеше 88-та трка за Големата награда на италија, по сто години од отворањето.

Во изминатиов Ф1-тркачки викенд, во Монца беше откриена табла којашто потсетува на победата на Fiat на првата трка за Голема награда што се возеше на патеката. На 10-ти септември 1922 година, Пиетро Бордино победи возејќи Fiat 804 и го освои првото Гран При на тркачката патека. По овој повод и Италијанската Пошта издаде јубилејна марка.

Аутодромо Национале ди Монца, оддалечена 20 километри од центарот на Милано е трета најстара тркачка патека во светот што е во редовна употреба. Монца е воедно и најстара тркачка патека во Европа, на којашто уште се одржуваат трки. Викендов патеката беше одредиште за повеќе од 300.000 посетители. За публиката беше подготвена богата забавна програма за одбележвуање на големиот роденден на Аутодромо.

Општина Монца организираше низа настани со историски тркачки автомобили и мотоцикли, истите како пред сто години. Средишното место му припадна на Fiat 804. Со овој модел, Пиетро Бордино победи на првата Голема награда на Италија, што се возеше на 10-ти септември 1922 година во Монца.

Тркачкиот автомобил Fiat 804 располагал со линиски шестцилиндарец. Со зафатнина ограничена на два литри според тогашниот правилник, моторот постигнувал моќност од 95 КС. Со четиристепен менувач, моторот постигнувал највисока брзина од 170 km/h, што било сензационална брзина во тоа време. Со сите работни течности, Fiat 804 тежел само 650 килограми.

Јубилејната поштенска марка

Кога фабричкиот тим на Fiat стартувал на трката за Големата нааграда на Италија во 1922 година, моторот веќе постигнувал 112 КС. Тоа било многу повеќе од конкуренцијата. Пиетро Бодрино победил на трката во должина од 800 километри по близу шест часови возење, пред неговиот тимски колега Феличе Назаро.

Уште еден Fiat од тоа време

Денес е на струја: Погоните се менуваат, Fiat 500 останува

Претходна објаваPeugeot 9X8 напредува да стане фаворит на 24 часа Леман в година
Следна објаваPeugeot 308 отсега вози и само на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here