Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на Хрватска продолжува да ги поттикнува продажбата и интересот за електрични автомобили. За годинава за таа цел се одвоени 105 милиони куни, што е повеќе од кога било досега.
Покрај тоа што буџетот е повисок, сменет е начинот на којшто граѓаните и компаниите се пријавуваат за кофинансирањето. Место купувачите директно да поднесуваат барање, тоа сега го прават продавачите на автомобили, со пријава на апликација. На располагање се 90 милиони куни, додека останатите 15 милиони куни се наменети за јавниот сектор, кој и натаму ќе пријавува барање директно до фондот.
Првиот чекор кон спроведување на новиот начин на кофинансирање ќе биде објавување јавен повик до производителите, генералните увозници или увозниците на моторни возила, кои на Фондот ќе му ги пријават продажните места и достапните модели што имаат висока енергетска ефикасност. Секое продажно место ќе добие своја сметка преку којашто ќе ги пријавува апликациите.
Откако Фондот во почетокот на јуни ќе објави јавен повик до граѓаните и компаниите, продавачите преку пријава на апликација ќе ги пријавуваат корисниците за кофинансирањето. Со внесување на задолжителните податоци на пријавувачите и со вчитување на неопходната документација во системот, за корисникот автоматски ќе се резервира достапниот изноз на кофинансирањето. За да го реализира правото на кофинансирање, корисникот ќе мора во одреден рок да го уплати и задолжителното минимално учество по возило, во висина од 7% од средствата што се бараат од Фондот. Тој износ за физички лица ќе изнесува најмногу 4.900 куни (са. 650 €), односно до 28.000 куни за правни лица (са. 3.700 €).
На посебна страница на Фондот ќе биде видливо јасно, колку средства се потрошени до моментот, повеќе не се применува принципот прв дојден – прв услужен
На посебна страница на Фондот ќе може во секое време да се провери колку средства за искористени до моментот. Страницата ќе биде ставена во функција во почетокот на јуни. Заинтересираните корисници ќе можат на страницата да ги најдат сите детали за програмата, како и попис на сите модели на возила, за коишто е достапно кофинасирање, заедно со местото на коешто тие се продаваат. Повикот ќе се затвори привремено откако при апликацијата ќе се достигнат 90 милиони куни на износот на резервирани средства.
>>> Rimac ќе гради центар вреден 200 мио. € во Загреб
Набавката на возила ќе се кофинансира со 40% по возило, а максималниот износ ќе зависи од категоријата на возилото. За електрични возила од категоријата L1-L7 (електрични велосипеди и микроавтомобили до 15 kW) се обезбедени до 20.000 куни (2.650 €), за приклучни хибриди износот е до 40.000 куни (5.300 €), додека за електрични автомобили се предвидени до 70.000 куни или околу 9.250 евра.
Потпомагање и на купувањето товарни возила и автобуси со чист погон
Средства се предвидени и за доставни возила од категоријата N1, конкретно 40.000 куни за возила со приклучен хибриден погон и 70.000 куни за електрични доставни возила. За камиони до 12 тони (N2) и над 12 тони (N3), исто и минибуси до 5 тони (M2) и автобуси над 5 тони (M3), со електричен, приклучен хибриден или водороден погон, но и на метан или течен метан, кофинансирањето изнесува најмногу 400.000 куни, односно околу 53.000 евра.
Граѓаните можат да кофинансираат едно возило, компаниите повеќе возила, но максимално ќе им бидат достапни до 400.000 куни. Возилата мора да останат во иста сопственост најмалку две години.
Фондот досега одобрил кофинансирање на повеќе од 4.500 електрични возила. Хрватска предвидува 35% од возниот парк во земјата да бидат елеткрични возила до 2050 година.

















