Илон Маск одбива да вработи „пи-ар“, не сака да манипулира со јавното мислење

tesla priemno oddelenie

Шефот на Tesla, Илон Маск, лани без каква било најава го затвори одделението за односи со медуими, коешто и без тоа беше мало во споредба со останатите производители на автомобили. Иако за Tesla со години се објавува повеќе отколку за кој било друг производител на автомобили, новинарите и во иднина не ќе имаат каде да се обратат за прашања во Tesla.

На неговата омилена друштвена мрежа, твитер, до Илон Маск постојано се упатуваат барања за Tesla повторно да отвори одделение за односи со медиуми. Шефот на Tesla сега даде и јасен одговор на тие барања.

Техно-мултимилијардерот и светска ѕвезда, напиша на твитер: „Останатите компании трошат пари за реклами и за манипулирање со јавното мнение, Tesla се посветува на производот. Верувам во луѓето.“ На тоа, Маск сепак додаде вредна забелешка: „Сметам дека е покорисно да се читаат/следат независните новинари, отколку производите на издавачките куќи.“ Американскиот пионер, меѓу другото и во полето на електромобилноста, продолжува на твитер: „Секаква публикација ќе наиде на најразлични гледишта, иако повеќето приказни за било која тема се негативни, веројатно како одраз на внатрешните предрасуди.“

Како и вообичаено, објавата на Маск на твитер предизвика големи раздвижувања, а овојпат и негодувања на медиумската сцена. Сепак е премногу грубо и невистинито, одделенијата за односи со медиуми да се сведуваат дека „манипулираат со јавното мнение“. На крајот новинарите пак немаат кому да се обратат за своите прашања во Tesla, било да станува збор за глобално влијателни медиумски куќи или за мали редакции.

>>> Tesla се увери дека нема играчки со кинеската држава

Претходна објаваХрватска двои 14 милиони евра за електрични автомобили, до 9.300 евра по возило
Следна објаваПаметните телефони прават семафорите побрзо да вклучат црвено

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here