Паметните телефони прават семафорите побрзо да вклучат црвено

поаѓање семафор доцнење

Истражувањата спроведени во Белгија покажуваат дека паметните телефони се главната причина за тоа што семафорите некогаш прерано го вклучуваат црвеното светло.

Објаснувањето е многу едноставно. Поради тоа што возачите во моментот се зафатени со користење на својот паметен телефон, тие отпосле забележуваат дека се вклучило зеленото светло на семафорот и поаѓаат задоцнето. Поради тоа се создава празнина меѓу нивното и возилото пред нив. Сензорите што се поставени во асфалтот, поради оваа празнина утврдуваат дека сообраќајот не е толку оптоварен во моментот. Како последица од тоа, семафорите повторно го вклучуваат црвеното светло, иако во моментот има голем застој.

Овие возачи што се однесуваат како да се сами на улица, ги збунуваат сензорските системи на семафорите. Тоа го потврди едно истражување во Белгија спроведено неодамна. „Сензорите проценуваат дека има помалку сообраќај отколку што е реалната состојба и поради тоа повторно го вклучуваат црвеното светло“, изјавија од Агенцијата за патишта и сообраќај во земјата. Возачите што го предизвикуваат проблемот си минуваат на семафорот, обично на жолто светло. Но, возачите што се зад нив, остануваат збунети кога семафорот одеднаш ќе вклучи црвено.

Во Белгија речиси 100% од сите крстосници се снабдени со детектори и камери. Тие имаат за цел да регистрираат кога се јавува застој на патот, за сообраќајот да се регулира соодветно.

Во Мумбаи кога свират на семафор, останува црвено

Претходна објаваИлон Маск одбива да вработи „пи-ар“, не сака да манипулира со јавното мислење
Следна објаваТој е GTI на струја: Volkswagen ID.4 GTX

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here