за

Во Мумбаи кога свират на семафор, останува црвено

Во Мумбаи кога свират на семафор, останува црвено
Во Мумбаи кога свират на семафор, останува црвено

Индија го пронајде вистинскиот приод против сообраќајната врева. Кога возачите ќе почнат да свират поради тоа што црвеното светло им се гледа предолго, семафорот не се менува.

Семафорите во индискиот град Мумбаи ја задржуваат црвената фаза подолго, кога возачите почнуваат да свират. Седмиот најмногу населен град во светот, со 20 милиони жители, се соочува со големи проблеми од вревата.

Возачите имаат стекнато навика да свират кога семафорот свети црвено, небаре на тој начин ќе постигнат за зеленото светло да се вклучи побрзо. За тоа да го спречат, властите поставија одбројувачи, кои покажуваат уште колку време останува до вклучувањето на зеленото светло. Оваа мерка не се покажа успешна, па сега се бара следното решение.

Во ноември и декември лани, на повеќе семафори беа поставени мерачи на силината на звукот. Кога вревата ќе надмине 85 децибели, семафорот продолжува да свети црвено. На профилот на полицијата во градот е објавена снимка што ја споредува ситуацијата пред и по воведувањето на оваа мерка. Кога возачите се свесни дека свирењето ја продолжува црвената фаза, владее мир.

Системот се тестираше на главните крстосници во градот во времетраење од петнаесетина минути. Во следните месеци, овој „пронајдок“ со семафори што се чувствителни на врева ќе се тестира и на останатите крстосници во мултимилионската метропола.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota prius ауби тест

Toyota Prius по супертестот на 100.000 km во Ауто Билд

Suzuki Санремо

Suzuki уште една ѕвезда на фестивалот Санремо