за

Toyota Prius по супертестот на 100.000 km во Ауто Билд

toyota prius ауби тест
toyota prius ауби тест

Тестовите на германскиот магазин Ауто Билд се легендарни по многу нешта, единствено што ги надминува се супертестовите на 100.000 километри. За хибридниот пионер Toyota Prius, тоа е само прва станица, тестирањето продолжува.

Примерок од четвртата генерација на првиот големосериски автомобил со хибриден погон во светот, Toyota Prius, во 2017 година пристигна на супертест во редакцијата на Ауто Билд. Автомобилот неодамна ги мина стандардните 100.000 километри на супертестот, по што следеше темелна проверка. Какви забелешки и искуства имаа германските колеги, пренесуваме во продолжение.

Следат текстот и податоците од Ауто Билд во нивната интегрална форма.

Живееме во несигурни времиња. Се менува сé. Доналд порано гакаше и беше лик на Дизни. Денес Доналд твитерува и цел свет е во неизвесност. Англија порано беше светска сила, а денес е нација, којашто единствено сака да си замине. Утешно е кога човек може да се потпре на нешто. На пример, на Toyota Prius. Четвртата генерација ни пристигна на супертест со јасна цел: Таа сакаше да го потврди добриот глас на своите претходнички. Сите тие ги минуваа своите супертестови со оцена 1. Да не одолжуваме многу: Тоа се случи пак. 100.000 километри, нула проблеми, во Prius број четири може да се верува секогаш!

Prius сé уште го следи својот пат и во внатрешноста

Актуелната генерација на пионерот на хибридот ги следи своите претходнички, и тоа не само во поглед на издржливоста на техниката: Овој Prius повторно изгледа различно од сите останати. Тоа се случува подолго од 20 години. Јапонскиот автомобил денес е развиен во претставителна лимузина (4,54 m). Но, Prius ги следи своите различни патишта и внатре – тие не се распознаваат секогаш на прв поглед. Прекинувачите личат како да се распоредени по случајност, додека средишниот дисплеј е како потсетување на 1980-те. Ракувањето со климата е кат подолу и следи некоја посебна идеја – но, барем се разбира уште при прв поглед. Кусо: Потребно е малку трпение, додека човек да се навикне на сите функции.

Технички податоци

Мотор

Четири цилиндри, хибрид, напред попречно

Зафатнина

1798 cm3

Моќност

72 kW (98 КС) + E-мотор 53 kW (72 КС), системска моќност 90 kW (122 КС)

Врт. момент

163 Nm

Погон

Напред/безстепен автоматик

Празно возило

1423 kg

Носивост

367 kg

Багажник

501–1633 l

Крајна брзина

180 km/h

Потрошувачка

3,3 l S (NEDC)

Издув

CO2 70 g/km

Ракувањето е едноставно и покрај сложената техника

Иако комбинацијата од материјали во внатрешноста во некои подрачја не оддава врвен квалитет, за изработката нема забелешки. Таа едноставно е добра. Кој досега нема возено Prius, ќе се чуди околу завивањето на погонот при притискање врз гасот. Тоа е случај и кај моделот од четвртата генерација. Единствено тие што ја галат педалата се движат тивко. Почит за тоа што, Toyota за ракувањето со преносот, уште од првиот Prius користи малечка рачка во средишната конзола. Толку посебно, толку едноставно. Така се постапува со целиот автомобил. Комплицираната техника функционира, без возачот да мора да мисли на тоа. Се забележува и следново: Патот на сопирање на автомобилот на супертест при завршното мерење беше за два метри подолг отколку во почетокот. Но, внимавај! Prius уште сопира со првите дискови и облоги. Напред има уште толку материјал, што ќе биде доволен до сервисирањето на 120.000 километри.

Трошоци (цени за Германија)

Трошок за гориво за 102.120 km

5980,88 литри супер (= 5,9 l/100 km)

8672,28 евра

Долевање моторно масло 0,0 литри

0,00 евра

Трошок за сервисен преглед (со замена масло)

15.000 km

155,30 евра

30.000 km

421,00 евра

45.000 km

189,04 евра

60.000 km

383,13 евра

75.000 km

232,56 евра

100.000 km

614,54 евра

Сега следат уште дополнителни 50.000 километри

Во перформансите нема забележливи отстапувања. Моторот е здрав како во првиот ден. Последните сомнежи паѓаат по проверката со ендоскоп во коморите за согорување. Специјалистот единствено забележува мали траги од согорено масло во сите четири цилиндри. Тоа е сосем безопасно. По проверката на техниката нема друго: Пациентот е целосно здрав, воопшто нема потреба да се расклопува на неговите составни делови. Значи, возиме уште 50.000 километри.

Заклучок од авторот Манфред Клангвалд: Ветер во грб е добра работа, ако овозможува предност. Prius се покажа одличен, издржлив е исто како претходничките. Потрошувачката и трошоците исто така одат во прилог на хибридот. Возењето продолжува, но нема што да се смени многу.

 

Мерни вредности

Почеток на тест

Крај на тест

Забрзување

0–50 km/h

3,9 s

0–50 km/h

3,9 s

0–100/-130 km/h

11,3/18,6 s

0–100/-130 km/h

11,3/18,3 s

0–160 km/h

29,2 s

0–160 km/h

29,8 s

Меѓузабрзување

60–100 km/h

6,3 s

60–100 km/h

6,3 s

80–120 km/h

8,3 s

80–120 km/h

7,9 s

Пат на сопирање

од 100 km/h студ.

37,7 m

од 100 km/h студ.

39,7 m

од 100 km/h загр.

38,5 m

од 100 km/h загр.

40,1 m

Бучава внатре

при 50 km/h

59 dB(A)

при 50 km/h

59 dB(A)

при 100 km/h

67 dB(A)

при 100 km/h

66 dB(A)

при 130 km/h

71 dB(A)

при 130 km/h

69 dB(A)

Потрошувачка – CO2

4,9 l S – 116 g/km

Потрошувачка – CO2

5,0 l S – 118 g/km

Оцени: Toyota Prius IV

Минус бодови

Издржливост

Возилото е неподвижно

0 x 15

0

Штета на мотор/менувач

0 x 15

0

Дефектни делови во погон/функционални

0 x 5

0

Непланирана куса посета на сервис

0 x 3

0

Непланиран повеќедневен престојо во сервис

0 x 5

0

Дефекти и дополнителни работи (радио/нави/течности итн.)

0 x 2

0

Дефект на ситни делови(светилки итн.)

0 x 15

0

Долгорочен квалитет (по демонтажа)

Каросерија (Конзервиација, лак, теписи, облоги)

0–5

0

Мотор (Моќност, заптивност, талози, траги од трошење)

0–5

0

Менувач (Заптивност, абење, состојба, спојка)

0–5

0

Издув остојба, кат., држачи, заштита)

0–5

0

Подвозје (Оски, пружини, управување, држачи)

0–5

0

Електрикаабли, спојници, контрол. уреди, осигурувачи)

0–5

0

Оцена за секојдевие/Возење

Се оценува врз основа на записите во патната книга

0–10

3

Вкупно бодови

3

Оцена: 1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електрични автобуси возат во 50 градови во Германија

Електрични автобуси возат во 50 градови во Германија

Во Мумбаи кога свират на семафор, останува црвено

Во Мумбаи кога свират на семафор, останува црвено