за

Suzuki уште една ѕвезда на фестивалот Санремо

Suzuki Санремо
Suzuki Санремо

Suzuki беше во улога на автомобилски домаќин на прочуениот фестивал Санремо. Специјалистот за градски и компактни автомобили, на гостите на најгледаниот настан во Италија им ја претстави новата гама од хибридни модели.

Големата популарност на Suzuki меѓу италијанските возачки и возачи не е случајна. Сепак станува збор за пазар што традиционално е ориентиран кон автомобилите од градската и компакт класата, специјалност на марката од Хамамацу. Тоа што Suzuki ја доби честа да биде автомобилски домаќин на најгледаната манифестација во Италија е резултат од симпатиите што марката ги има на тамошната автомобилска сцена.

Suzuki на својот настап пред ценетите гости на фестивалот постави нагласок на новата гама модели со хибриден погон. Италијанците се докажано вешти кога треба да се постигне голема театралност. Исто како што хибридот во некоја своја симболика претставува врска меѓу обичниот погон со мотор со внатрешно согорување и електромобилноста, така и возилата на сцената околу фестивалот беа поставени како врска меѓу замокот Санта Текла и Каза Санремо, со театарот Аристон, традиционалното место на одржување на музичкиот фестивал.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моделите на јапонската марка добија место и во изложбата посветена на одбележувањето на 70-годишнината на италијанскиот музички фестивал, покрај повеќе од 300 фотографии, облека и предмети од архивата на Rai Teche, како дополнителна атракција за присутните гости на Санремо.

Изведбите со целосен хибриден погон на Vitara и S-Cross наскоро пристигаат и на македонскиот пазар

Во рамките на овој историски момент за марката Suzuki, од маркетиншко гледиште, се одвиваше глобалната кампања насловена „Hybrid. Be Hybrid. Drive Suzuki“. Главни носители на кампањата се новите изведби Vitara Hybrid и S-Cross Hybrid, кои според најавите од увозникот Миркат, наскоро ќе стартуваат со продажба и на македонскиот пазар. Наспроти моделите со благ хибриден погон во гамата на Swift и Ignis, во компактниот СУВ и во кросоверот работи целосен хибриден погон, што секако дека уште повеќе ќе влијае врз намалувањето на потрошувачката и емисијата.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

https://www.instagram.com/p/B8UfgNJDBTO/

https://www.instagram.com/p/B8SXdYECtFt/

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Мумбаи кога свират на семафор, останува црвено

Во Мумбаи кога свират на семафор, останува црвено

Fiat Србија

Српската фабрика на Fiat паузира, нема делови од Кина