за

Тој е GTI на струја: Volkswagen ID.4 GTX

Најновиот модел на струја на Volkswagen е првиот со платформата MEB што има два електромотори. Volkswagen ID.4 GTX е спортската изведба на ID.4.

На просторот на стариот аеродром Берлин-Темпелхоф, од каде што патнички авиони полетуваа уште во 1923 година, Volkswagen ја одржа дигиталната премиера на својот прв електричен модел со високи перформанси, на ID.4 GTX.

Компактниот СУВ-модел ID.4 ја доби својата GTI-варијанта. Бидејќи станува збор за електричен модел, нормално дека Волфсбург не го користи традиционалното означување GTI, па спортската варијанта на ID.4 носи нова ознака, GTX. Новиот модел е важен за целата електро-стратегија на Volkswagen, затоа што треба да покаже дека електричниот погон може да ги усреќи и возачите што го сакаат спортското возење. ID.4 GTX е прв модел конструиран врз платформата MEB, кој доаѓа со два електромотори, по еден напред и назад. Со тоа секако се добива и погон на сите тркала.

Ралф Брандштетер, извршниот директор на Volkswagen, за премерата: „Електричното возење едноставно причинува задоволство – со ID.4 GTX, ги качуваме спортската нота и динамиката за уште еден степен.“ Директорот порачува дека електромобилноста и спортските перформанси не се побиваат едно со друго.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Двата електромотори заедно постигнуваат максимална моќност од 220 kW, односно 299 КС. Ова е прв модел со MEB-техника што доаѓа со погон на сите тркала. Тоа беше воедно и идејата за презентацијата да се одржи во хангар на поранешниот аеродром Темпелхоф. Volkswagen прикажа како работи интелигентниот погон на сите тркала во електричниот ID.4 GTX при искачување на рампа под агол од 37,5 проценти, односно близу 42 степени.

Одговараат и класичните вредности. Спринтот до темпо 60 трае 3,2 секунди, темпо сто се постигнува за 6,2 секунди. Крајната брзина е ограничена на 180 km/h.

Главниот техничар на Volkswagen, Томас Улбрих, објаснува зошто сé функционира толку добро: „Целосниот вртежен момент на електричните мотори се ослободува веднаш и исклучителните возни својства може да се почувствуваат во секој свијок. Иновативниот погонски и безбедносен концепт е исто толку интелигентен, колку што е погонската спрега! Како пример, возачот добива помош од единствениот проекциски дисплеј со унапредена реалност, како и од многубројните системи за асистенција.“

Дизајнот на ID.4 GTX го нагласува посебниот карактер, со комбинација од возачко уживање и елементи на теренец. Препознатливата светлечка лента е комбинирана со елементи што оддаваат моќ и динамика. Тоа важи посебно за елементите што изгледаат како саќе во дневните светла. На тој начин се воспоставува и стилска врска со Golf GTI.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Задниот браник има нов дизајн, диодните светла имаат 3D-ефект, а стоп-светлата прават шема во форма на X. Покривот и задниот спојлер се црни, додека лајсната околу страничните прозорци е во боја на графит, со висок сјај. Внатрешноста исто така прикажува нов концепт на бои. Горниот дел од инструмент таблата и додатоците од вештачка кожа во вратите се изведени во темносина боја X-Blue, којашто укажува на електричниот погон на моделот. Затоа, пак, тука се и традиционалните црвени линии на седиштата, како симбол за спорт и моќ. Логото GTX е на воланот, на лајсните на праговите, а логото е перфорирани и во горниот дел од предните седишта.

Volkswagen цели 70 проценти од продажбата што ќе ја постигнува во Европа во 2030 година да отпаѓа на чисто електрични автомбоили. До 2050 година, Volkswagen ќе постигне целосна неутралност во однос на емисијата на СО2. До 2025 година се инвестираат 16 милијарди евра во електромобилноста, во хибридизацијата и дигитализацијата.

ID.4 GTX ќе влезе во продажба во текот на летото. Во Германија, цената изнесува 50.415 евра, на што следи субвенција во висина од 7.500 евра.

Електричниот Volkswagen ID.4 е светски автомобил за 2021 година

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

поаѓање семафор доцнење

Паметните телефони прават семафорите побрзо да вклучат црвено

Вака изгледа новиот салон за Rolls-Royce во Лондон

Вака изгледа новиот салон на Rolls-Royce во Лондон