за

Вака изгледа новиот салон на Rolls-Royce во Лондон

Во Лондон, во богаташкиот Мејфер, отворен е новиот салон од врвен ранг за Rolls-Royce. Историското име што се поврзува со овие автомобили, H.R. Owen, вели дека тоа е резиденција на марката.

Вака изгледа новиот салон за Rolls-Royce во Лондон

Новиот салон посредува релаксирана и освојувачка атмосфера, во чекор со постојаното подмладување на кругот на купувачи на Rolls-Royce. Просторот е изведен во стил на галерија и располага со посебно ателје, бар и салон, не недостига и дигиталната технологија. Rolls-Royce има салон на оваа локација во Мејфер уште од 1932 година.

Групацијата H.R. Owen, големо име во бизнисот со ексклузивни автомобили во Велика Британија и светот, денес отвори нов салон-знаменосец на марката Rolls-Royce во Мејфер, богаташкиот дел на Лондон. Излогот на салонот гледа и на Стратон Стрит и на Беркли Стрит.

Посебното доживување почнува уште од вратаta, којашто е изведена во стилот на пантеон-маската на Rolls-Royce. Над вратата е Духот на екстазата, Емили, фигура изработена од истиот мајстор како кај автомобилите на марката. По работното време, на прозорците се прикажува видео проекција, создавајќи впечаток дека внатре продолжува работата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста е изведена во стил на луксузна галерија, слично на миланските трговски центри со најлуксузни модни марки. Секој модел на Rolls-Royce има посебен простор, дизајниран според моделот.

Посебен дел е „Cabinet of Curiosities“, во којшто се поставени најразлични објекти и парчиња, кои треба да делуваат инспиративно. Во тој дел се договараат деталите за изработката на возилото по нарачка. Разговорот може да продолжи и во барот „Speakeasy“. За посебни пригоди, најголема приватност при договарањето се добива во „Brand Director’s office“.

Срцето на салонот е „ателјето“ со примероци од материјалите и изработките што може да се избираат и комбинираат. Посебен дел е наменет за материјалот на покривот, за кабриолетите, или за тркалата.

Rolls-Royce Motor Cars London влече корени од 1932 година, кога капетан Харолд Ролф Оуен го отвора првиот салон H.R. Owen и почнува со продажба на најскапи луксузни автомобили.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Rolls-Royce ќе ги учи вработените за пчелари

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тој е GTI на струја: Volkswagen ID.4 GTX

републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!