за

Rolls-Royce ќе ги учи вработените за пчелари

Rolls-Royce ќе испрати петмина свои вработени на обука, за доброволно да работат како пчелари во кругот на фабриката во Гудвуд.

rolls royce пчелари мед

Британската марка со скапите и ексклузивни автомобили пред пет години ги постави првите пчеларници во Гудвуд. За Rolls-Royce моментно работат вредно околу 300.000 медни пчели.

Пчелите на Rolls-Royce стекнаа светска популарност. Директорите се одушевени од интересот на јавноста, а секако и од дополнителниот компаниски имиџ што го засладија пчелите. Како што запролетува, производителот на најдобрите автомобили во светот испрати повик до своите вработени, за доброволно да се вклучат во пчеларското стопанство на фирмата. Петмина колеги „ќе бидат горди помагајќи пчелите да создадат природен производ што е достапен во уште помал број од нашите прочуени автомобили!“, охрабрува Ричард Картер, главниот за комуникации за Rolls-Royce Motor Cars.

Пчеларникот во Гудвуд беше поставен во 2018 година, а таму моментно има шест колонии со околу 300.000 англиски медни пчели. Кругот на фабриката опфаќа површина од 17 хектари во ливади полни со цвеќе и дрва, вклучувајќи го и зелениот покрив на фабриката, кој со површина од 3,2 хектари е најголем во земјата.

Пчелите на Rolls-Royce редовно се точка на состаноците на одборот на компанијата. Главен пчелар е токму директорот за комуникации Ричард Картер. Новите пчелари ќе работат на дополнителниот ангажман на доброволна основа, за време на викендите.

Највредните работници во Rolls-Royce произведуваат мед

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

peugeot 208 - Витолиште, Мариово

Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи

Porsche објави водич за хип-хоп културата во Европа