за

Електричниот Volkswagen ID.4 е светски автомобил за 2021 година

Жирито од 93 експерти од цел свет го избра првиот СУВ врз електричната платформа MEB на Volkswagen за светски автомобил за 2021 година.

Volkswagen ID.4 освои најмногу бодови за иновативноста и погодноста за животната средина. Ова е петти пат модел на Volkswagen да биде избран за светски автомобил на годината.

Светскиот автомобил за 2021 година е Volkswagen. Повеќе од 90 автомобилски експерти од 24 држави го избраа ID.4 за најдобар автомобил во конкуренција на сите новитети од целиот светски пазар.

Ралф Брандштетер, шефот на марката Volkswagen, посебно се радува на одликувањето, „не само поради тоа што станува збор за една од најважните автомобилски награди во светот, туку и поради тоа што жирито гласаше за голема идеја и за голем тим.“ СУВ-моделот ќе се продава во Европа, Кина и САД, во своевидна улога на апостол на електромобилноста на Volkswagen.

Моделите што влегуваат во конуренција за светската титула мора да се произведуваат во најмалку 10.000 примероци годишно и да се понудени најмалку на два континенти.

Светските автомобилисти гласаа за погодноста кон жќивотната средина и за иновативноста на Volkswagen ID.4. Со доплата се нуди проекциски дисплеј со збогатена реалност, кој прави на пример стрелките од навигацијата да изгледаат како да се поставени на самата улица во којашто треба да се скршне. Возачот ги гледа овие знаци на оддалеченост од три до десет метри, во тридимензионален приказ.

Возилото ќе вчитува нов софтвер „over the air“. Компактниот СУВ на струја прв ќе ја нуди оваа можност во волуменскиот сегмент од пазарот. Таа ќе се користи и за новите услуги што Volkswagen планира да ги воведе во иднина.

Со победата на 17-то издание на изборот за Светски автомобил на годината, ID.4 ја продолжува успешната историја на Volkswagen. Годинава Волфсбург ќе испорача 150.000 примероци од електричниот СУВ ширум светот. Марката планира секоја година да претставува по еден нов електричен модел.

Сите победнички модели на Volkswagen на изборот за Светски автомобил на годината:

2009: Golf (World Car of the Year)

2010: Polo (World Car of the Year)

2011: up! (World Car of the Year)

2013: Golf (World Car of the Year)

2021: ID.4 (World Car of the Year)

>>> Volkswagen ги испорача првите примероци од електричниот ID.4 во Германија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford има нов начин за дотерување на звукот на музиката

За оваа Kia може и шофер да се вработи