за

Ford има нов начин за дотерување на звукот на музиката

Ford и аудио-специјалистот B&O се погрижија за одличен звук во возилата, но сега нудат и многу поедноставен начин за дотерување на звукот во кабината.

Место како вообичаено да се додаваат или одземаат басот, високите и средните тонови, или да се чепка по еквилајзерот, Ford и B&O овозможија звукот да се дотера со само едно допирање на дисплејот.

Ford во своите модели што се опремени со озвучување од B&O ја нуди функцијата Beosonic. Идејата е да се овозможи наједноставно местење на звукот. Може да се избира меѓу „весели“, „енергични“, „релаксирачки“ и „топли“ звуци, како и да се прават комбинации од нив. На тоа следат и пет претходно програмирани опции за звукот: Местење на корисникот, Lounge, Neutral, Party и Podcast.

При дотерувањето на еквилајзерот на Beosonic, инженерите за звук на Harman користеа музичка збирка од 25 најразлични песни, со цел да ги постават вредностите за четирите основни звуци (весели, енергични…) Дотерувањето на секој звук се проверуваше во место и во возење. Притоа се користеа и најмодерни мерни инструменти и микрофони, а секако дека клучната оцена зависеше од школуваниот слух на инженерите за звук.

Овие четири основни звуци се достапни со само едно допирање на дисплејот, тоа беше воедно и главната цел при развојот на системот Beosonic. Инженерите на B&O го дотеруваат звукот на секој аудио систем посебно за секој модел. Beosonic е достапен во неколку моделски изведби на Ford EcoSport, Fiesta, Focus, Kuga и секако Puma, коишто се опремени со озвучување B&O (Bang & Olufsen).

При неодамнешниот тест на Ford Puma во нашата редакција се забележуваше дека и звукот е малку „поразличен“, тоа е само уште една потврда за вниманието што Ford го посветува во таа насока.

Преку следниот линк може да се пристапи до објаснувањето на начинот на ракување со новиот систем

https://demos.fkc-online.de/harman/beosonic/

>>> Тест: Ford Puma 1.0 EcoBoost 125 DCT Titanium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot со раст од 142%, Mercedes трета најпродавана марка во Европа

Електричниот Volkswagen ID.4 е светски автомобил за 2021 година