за

Volkswagen ги испорача првите примероци од електричниот ID.4 во Германија

За електричниот СУВ на Volkswagen досега се пристигнати 23.500 нарачки од цела Европа. Првите сопственици на ID.4 во Германија денес ги презедоа своите возила во фабриките во Волфсбург и во Дрезден.

Првите сопственици на Volkswagen ID.4 во Германија од денес ќе јурат по аутобанот, во СУВ каков што претходно не постоел под најпознатиот знак со две букви во круг. ID.4 вози на струја, изработен е на истата платформа со ID.3 и погодува во сегментот каде што пазарот бара возило повеќе.

Првите сопственици на ID.4 денес ги добија своите примероци од елеткричниот СУВ на Volkswagen. Чинот се одвиваше истовремено во Стаклената Мануфактура во Дрезден и во Аутоштат во Волфсбург. Наскоро ќе им се придружат уште илјадници нови сопственици. Планот на Volkswagen е годинава на светскиот пазар да испорача околу 150.000 примероци од ID.4. Само до крајот на февруари, Волфсбург има добиено 23.500 нарачки за возилото – во услови кога салоните се затворени во повеќе држави ширум Европа и уште пред официјално да започне испораката на моделот.

Директорот за продажба Клаус Целмер изјави: „ID.4 стартуваше мошне успешно, возилото наиде на добар прием меѓу клиентите. Ние си поставивме голема цел – од ID.4 сакаме само годинава да испорачаме 150.000 примероци ширум светот. Тоа е една третина од 450-те илјади возила со електричен погон што ги планираме за 2021 година. Светскиот автомобил е значаен столб во нашата забрзана е-офанзива.“

Забрзаната електро-офанзива е клучен дел од стратегијата што Volkswagen ја води под името Accelerate. Компанијата планира секоја година да пушта најмалку по еден нов модел со погон само на струја на пазарот.

Volkswagen сам ги произведува деловите за електричниот ID.4

Постои уште една голема причина зошто денешниот чин на преземање на возилата беше посебен: Првите сопственици на ID.4, брачната двојка Жаклин Хојер-Мертенс и Марио Хојер од Зул (Тиринген) и Матијас Хепер од Ојтен (Бремен), претходно купија и ID.3. „Толку сум одушевен од новата ID-фамилија, што посакав уште еден член“, открива Марио Хојер. За својот нов автомобил, Матијас Хепер изјави: „Голем љубител сум на електромобилноста. Се радувам на шроширувањето на фанилијата и за тоа што сум еден од првите во Германија кои ќе го возат овој автомобил.“

За клиентите да добијат најдобра услуга, ширум Европа се одвива своевиден роуд-шоу за обука. Само во Германија во оваа обука се опфатени повеќе од 10.000 вработени во автомобилските салони. Дел од обуката се и услугите кои се достапни преку We Connect, системот на којшто VW дава голем акцент.

Volkswagen ID.4 ќе вчитува нов софтвер исто како телефон, Волфсбург вложува многу во дигитализацијата којашто во чекор ја следи електромобилноста

ID.4 поставува нови мерила во дигитализацијата. Автомобилот ќе добива свеж софтвер и нови функции „over the air“. Volkswagen е прв производител во волуменскиот сегмент што летово ќе почне да ја нуди оваа услуга. Тоа овозможува возилото секогаш да го има најновиот софтвер, без потреба од посета на сервисна работилница.

Оваа функција овозможува и нови видови на услуги. Топ-моделите ID.4 Tech и ID.4 Max доаѓаат со премиера во дигиталниот свет, со проекциски дисплеј со унапредена реалност (Augmented-Reality-Head-Up-Display) што знаците за навигацијата ги проектира директно во видното поле на возачот, со тоа што голем дел од тие знаци се прикажуваат и во динамична форма и се соединуваат со реалноста.

Производството на ID.4 се одвива во фабриката во Цвикау, заедно со ID.3. Самото производство се одвива со неутрален биланс во поглед на емисијата на СО2. Во фабрикатга неодамна беше воведена и втора линија за монтажа, вклучувајќи и трета работна смена за производството на моделите од семејството ID. Целта е во текот на летото да се постигне дневна продукција од 1.400 возила, со цел да се задоволи високата побарувачка за електричните модели на Volkswagen.

>>> Volkswagen ID.4 во Германија чини 38.450 €, субвенцијата е 9.000 €

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Производителот на телефони Xiaomi ќе изработува и електрични автомобили

Toyota вложува во американска фирма за роботски возила