Toyota вложува во американска фирма за роботски возила

Глобалниот инвестициски фонд на „Плетенград“ ја подржува работата на компанијата за роботика Nuro. Тоа е прва инвестиција на фондот, што е основан во јануари годинава од страна на Woven Planet Group. Посестринската компанија на Toyota работи на развој на автоматизирано возење, паметен трад и роботика.

Nuro во следните месеци и години ќе го забрза развојот и изработката на возила за достава кои се движат самостојно низ сообраќајот. Целта е на тој начин да се промени локалната трговија, преку автоматска достава. Woven Planet Group го подржува развојот на иновативни технологии и деловни модели во подрачјата на мобилноста, автоматизацијата и вештачката интелигенција.

Американскиот специјалист соработува со најмоќните марки во земјата и придонесува секојдневната трговија да биде побезбедна и поефикасна. Роботската достава на нарачки се докажа мошне прифатлива и корисна за потрошувачите во време на пандемијата.

https://photos.app.goo.gl/mM3wRtdbUk3Kv7Z28

Возниот парк на компанијата основана во 2016 година се состои од автономни возила што се движат без присуство на човек. Возилата се развиени со цел за брза, евтина и пред се сигурна достава на нарачки, почнувајќи од прехрабнени производи, како пица и друго, до достава на лекарства. Меѓу позвучните патнери се Kroger, CVS Health и Walmart, како и синџирот за брза храна Domino’s Pizza.

>>> Toyota постави камен темелник на Плетенград

Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднинатаПлетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината
Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината

Претходна објаваVolkswagen ги испорача првите примероци од електричниот ID.4 во Германија
Следна објаваHonda најде купувач за фабриката во Велика Британија