Корпорацијата Toyota денес постави камен темелник за градот-модел Плетенград (Woven City). Градот ќе се подигнува на местото на поранешната фабрика во подножјето на планината Фуџи.
Градот на иднината првпат беше најавен салон на саемот за потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас. Нови технологии од најразлични подрачја ќе се испробуваат во услови на секојдневно живеење. Опфатени е најширок дијапазон на технологии, почнувајќи од автоматизирано возење и решенија за лична мобилност, до роботи и вештачка интелигенција. Целта на Плетенград е да се постигне континуиран напредок што ќе помогне за подобро општество, меѓу другото благодарение на забрзаниот развој.
„Проектот Плетенград денес започна официјално“, изјави претседателот на Toyota, Акио Тојода, при поставувањето на темелите. „Плетенград се објаснува со три клучни поими: Посветен на човекот, жива лабораторија, постојоано во развој. Со помош на нашите партнери се впуштаме во предизвикот да создадеме иднина во којашто можат среќно да живат луѓе со различна заднина.“
Покрај претседателот Тојода, на церемониката учествуваа гувернерот на префектурата Шизуока, Хеита Кавакацу, градоначалникот Кенџи Такамура и Џејмс Кафнер, извршен директор на Woven Planet.
Во Плетенград ќе постојат три различни видови улици, што се испреплетуваат едни со други. Покрај улици за побрзи возила што се движат автоматски, постојат делови во коишто заеднички се движат возила со пониска брзина, средства за личен превоз (е-скутери и сл) и пешаци, но постои и простор во којшто се движат само пешаци.
За достава на стока ќе се користи подземен пат. Инфраструктурата на Плетенград има за цел да обезбеди средина во којашто ќе се осознаваат решенија за надминување на социјалните проблеми. Во градот ќе живеат 360 лица, првенствено постари лица, семејства со мали деца и научници. Во следната фаза, населението ќе надмине 2.000 лица, вклучувајќи и вработени во Toyota.