за

За оваа Kia може и шофер да се вработи

Новиот дизајнерски говор на Kia, именуван како „спротивностите се привлекуваат“, поттикнува најсилни емоции во претставителната лимузина на марката. Тоа е само најава.

Kia со големата лимузина K8 внесува многу новини во својата понуда. Сепак е мала веројатноста дека ќе се ангажираат шофери, инженерите на марката по традиција се погрижија сопствениците да сакаат сами да уживаат во управувањето.

Kia започна со продажба на комплетно новиот модел K8 на корејскиот пазар. Во следните месеци, лимузината ќе се понуди на уште неколку големи пазари ширум светот, на коишто посебно се цени традиционалната лимузинска форма. Марката го опишува својот знаменосец како спој на врвна иновативност, динамични перформанси и модерен дизајн, со цел да се постават нови мерила за премиум квалитет во сегментот на големите лимузини.

K8 внесува бројни новини во Kia, почнувајќи од ознаката. Моделот го заменува успешниот K7, познат и како Cadenza. Секако дека и логото е ново, сместено во „тигарскиот нос“ со нов изглед. Тоа е воедно и прв модел што го носи дизајнот „Opposites United“, односно спротивностите се привлекуваат. Некои детали во изгледот се инспирирани од луксузните јахти. Додека напред има маската без рамка и оддава грациозност, назад следи мускулест опаш, со „исфрлени“ раменици.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Иновации има и во внатрешноста. Таму се соединуваат премиум луксуз и лесен стил, со врвна технологија и комфор од висока класа. Главната новина е заоблениот дисплеј, со дигитални инструменти со пречник од 12 инчи и средишен дисплеј со истата димензија. Уште една премиера во K8 е аудио-системот Meridian. Тоа е име што им значи многу на уживателите во добриот звук, а тоа во случајов значи 14 врвни звучници. Воланот исто има сосем нов изглед.

Моторот во врвната изведба на Kia K8 e 3,5-литарски V6 GDI Smartstream, погонот е автоматски на сите тркала, со тоа што моќноста при нормални услови се испорачува на предната оска. Достапни се две варијанти, едната со 300 КС и вртежен момент од 359 Nm, додека втората е фабрички дотерана за погон на автогас и постигнува 240 КС, односно максимален вртежен момент од 314 њутнметри. Третата погонска опција е 2,5-литарски GDI со 198 КС и 248 Nm. Сите мотори се комбинирани со сопствен 8-степен автоматски менувач на Kia. На одредени пазари ќе биде достапна и изведба со 1,6-литарски T-GDI, познат меѓу другото од GT-варијантите на Ceed, XCeed и ProCeed, каде што постигнува моќност од 204 КС.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Лимузината е подолга во споредба со K7 и мери вкупно 5.015 mm во должина. Висината изнесува 1.455 mm, ширината е 1.875 mm, меѓусокиното растојание ветува многу простор во кабината (2.895 mm). Со 3,5-литарскиот мотор GDI, лимузината тежи 1.640 килограми, со што се вбројува меѓу најлесните модели во сегментот.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Новиот Sorento ѝ ја донесе 47-та победа за дизајн на Kia

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Volkswagen ID.4 е светски автомобил за 2021 година

Рекламата за Mercedes EQS порачува: Ова е за тебе, свету