за

Рекламата за Mercedes EQS порачува: Ова е за тебе, свету

Во рекламата за електричниот Mercedes EQS се прикажува како технологијата, дизајнот, функционалноста и конективноста се втопуваат едно во друго, во свет што се разликува од овј што го познаваме.

Рекламата за супер-електричниот Mercedes EQS нема да ја видиме на нашите тв-канали или во магазините кои веројатно и не постојат, но тоа не го менува фактот дека станува збор за историски момент и во тој поглед. Како Mercedes ја рекламира електричната верзија на S-Class, на еден од традиционално најдобрите автомобили на сцената?

Првпат во исто време со светската премиера на модел на Mercedes започнува и рекламната кампања за него. Колку што Mercedes EQS отстапува од познатите стандарди и шаблони, толку истото важи и за рекламата за него. Шефицата за маркетинг на Mercedes-Benz AG, Бетина Фецер, објаснува:Со необичното инсценирање сакаме да ја споиме одржливата мобилност со емотивно и луксузно доживување на марката и да ја засилиме фасцинацијата за нашите електрични модели Mercedes-EQ.“

Тоа што луксузната лимузина од преку пет метри лебди во кампањата за неа треба да ја пренесе пораката дека EQS раскрстува со обичното и ја предизвикува реалноста што ја познаваме. Кадрите се иконски, насочени кон производот и се јасни. Се гледаат сини тонови и силни контрасти.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Пораката „This is for you, world“, има повеќе варијанти, за секоја целна група, за секој медиум или тема. Така, пораката ќе се менува во „This is for you, electric pioneers“, „This is for you, techies” или во „This is for you, design icons”.

Кампањата цели кон луѓе со прогресивни ставови, што секогаш се љубопитни за нови искуства и сакаат иновации, технологија и воедно се предводници на одржлив животен стил.

Mercedes-Benz најави продолжување на соработката со добитничката на Греми, Алиша Кис. При премиерата на EQS, Алиша ги пееше “No One” и “Authors of Forever”, песна од нејзиниот најнов албум Alicia.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Mercedes ѝ создаде конкурент на S-Class: Електричен EQS, луксузен, различен

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За оваа Kia може и шофер да се вработи

Прототипот на Sony користи 5G-мрежа