за

ДХЛ останува партнер на Формула Е и во ерата на Gen3-болидите

Кога следниот пат ќе видиме како ДХЛ со електрични фургони носи пратки по скопските улици, постои уште една причина за тоа. Формула Е.

Формула Е и ДХЛ, официјалниот основач и логистички партнер на Светскиот шампионат во ABB FIA Формула Е, објавија продолжување на повеќегодишното партнерство започнувајќи ја ерата на тркачки автомобили од третата генерација, Gen3 болидот, кој ќе продолжи да ја истакнува важноста на одржливоста, низ градовите ширум светот.

ДХЛ е официјален основач и логистички партнер на првиот светски шампионат за целосно електричен мотоспорт од септември 2013 година. Со 40-годишно меѓународно искуство во мотоспортот, ДХЛ беше особено значаен во претворањето на концептот на целосно електрични трки во реалност со инаугуративна трка во Пекинг една година подоцна. Оттогаш, ДХЛ ја поддржува Формула Е преку пресвртната 100-та трка која заврши минатата сезона во Сеул, Јужна Кореја, кој исто така, беше и 26-тиот светски град домаќин на Формула Е.

Сезона 9 и Gen3 ерата стартуваа со Hankook Mexico City E-Prix, 2023. Трката беше премиера за Gen3 – најбрзиот, најлесниот, најмоќниот и најефикасниот електричен тркачки автомобил што е конструиран досега. Во текот на 9-та сезона ќе бидат одржани 16 трки во 11 познати светски градови, вклучително и посети на Хајдерабад, Кејп Таун, Сао Пауло и Портланд, Орегон, каде што се вози првпат.

ДХЛ обезбедува најсовремена одржлива логистика, инкорпорирајќи приспособен мултимодален транспорт, вклучувајќи и патен и поморски транспорт, што ја максимизира ефикасноста и ги намалува емисиите на CO2. Преку користење на биогорива за целиот патен и поморски транспорт, ДХЛ ќе ги помине очекуваните 89.100 километри за претстојната сезона, транспортирајќи приближно 415 тони вреден товар по трка, вклучувајќи тркачки автомобили, батерии, единици за полнење, опрема за емитување како и опрема за маркетинг и угостителство.

New item by Automedia MK / Google Photos

„ДХЛ помогна да се оживее Формула Е и оттогаш е наш ценет партнер“, вели Мет Скамел, комерцијален директор во Формула Е. „Задоволни сме што нашето партнерство ќе продолжи бидејќи заедно ја започнуваме Gen3 ерата каде што се тркаме, со најсовремени иновации, поместувајќи ги границите на развојот во EV технологијата и дефинирајќи ја иднината на мотоспортот. ДХЛ игра клучна функција во испораката на секој тркачки настан ширум светот, преку врвни решенија за ефикасност и одржливост, што ги прави совршено прилагодени за првенството и нашата мисија“.

New item by Automedia MK / Google Photos

ДХЛ и Формула Е ќе продолжат да ги рефлектираат заедничките вредности преку платформата „Together Green“, бидејќи жолтата боја на ДХЛ и сината на Формула Е се комбинираат во визија за позелена иднина. Активностите ќе вклучуваат, но не се ограничени на, соработка за одржлив развој низ новите и старите тркачки терени, притоа прикажувајќи ја возбудата на Формула Е.

Како официјален партнер во логистиката, ДХЛ превезува товар за Формула Е до 11 тркачки патеки на 4 континенти, вклучувајќи 27 електрични возила, 7 до 10 батерии, 15 полначи, 2 комплета трансформаторски единици. Тоа е повеќе од 415 тони на секоја трка, со вкупно 89.100 поминати километри.

New item by Automedia MK / Google Photos

„Формула Е не е само спорт, туку и визија за иднината во која сите можеме да бидеме дел. Ја споделуваме истата визија за позелена иднина и горди сме што сме основачки и логистички партнер на Формула Е од нејзиното основање“, вели Арјан Сисинг, раководител на глобалниот маркетинг бренд на Групацијата Deutsche Post DHL. „Досега, нашето долгогодишно партнерство беше многу возбудливо, работејќи заедно за промовирање на одржливост низ целиот свет. Со нетрпение очекуваме да го продолжиме зеленото патување заедно“.

DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

Како пионер во зелената логистика, во 2008 година ДХЛ стана првата логистичка компанија која се обврза на мерлива цел за јаглеродна ефикасност, ветувајќи дека ќе ја подобри ефикасноста на јаглеродот за 30% до 2021 година (наспроти 2007 година). Оваа цел беше постигната во 2016 година, четири години пред предвидениот рок, додека во март 2017 година, ДХЛ објави обврска за постигнување нула емисии до 2050 година. Во 2021 година, Групацијата DPDHL се обврза да инвестира 7 милијарди евра во активности за чиста околина и климатски неутрална логистика до 2030 година. Средствата ќе се користат да се електрифицираат 60% од возилата за достава до крајна дестинација до 2030 година, ставајќи повеќе од 80.000 е-возила на патиштата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Lexus RZ доаѓа со погон на сите тркала Direct4

Alfa Romeo Giulia QV најдобра за возбуда според What Car