David Brown е новата престижна марка на Британците

Британците се неуморни во снабдувањето на светот со ексклузивни марки. По Aston Martin, Bentley, Rolls-Royce, нивната авто индустрија наскоро ќе ја препознаваме и по моделите на David Brown.

Марката во зародиш ги објави првите детали околу нивниот спортски автомобил, чија што светска премиера е најавена за 17-ти април, на Салонот на топ марки во Монако. Под каросеријата со впечатлив дизајн што непогрешливо укажува на британското потекло ќе работат подвозје и погонска техника од Jaguar XKR, специјално дотерани за вградување во моделот на David Brown од инженерите на групацијата Envisage.

Тоа значи дека автомобилот со развојно име „Проект Џуди“ ќе користи петлитарски мотор V8 со компресорско натполнење, погон на задните тркала и шестстепен автоматски менувач. Моќноста на моторот не се објавува, но за илустрација се сосема доволни и податоците за спринтот до 60 милји на час (96 km/h) за 4,6 секунди и за крајната брзина од 248 km/h. Тоа се приближно вредностите што моторот со 510 КС ги постигнува и во матичниот Jaguar XKR. Повеќе може да се очекува во возливоста, покрај фактот што каросеријата е изработена од алуминиум.

Новата британска марка ќе им се посвети на купувачите што бараат стилски спортски автомобил со класична концепција, но со модерна технологија и напредни системи.

Претходна објаваCadillac почнува нов напад врз BMW со купето ATS
Следна објаваТест • Ford Focus 1.6 TDCi Trend

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here