Дачиа Спринг е најдостапниот електричен автомобил во Европа, со цена од 16.900 евра на домашниот пазар на групацијата Рено, во Франција. Наскоро доаѓа нов Спринг, но Романците ќе имаат и уште подостапен модел од тоа.
Дачиа долги години го има најдостапниот модел и во сегментот на електричните автомобили. Спринг на францускиот пазар чини 16.900 евра, вклучувајќи ја субвенцијата, а во првото полугодие има постигнато близу 17.000 испораки на европскиот пазар. За споредба, од останатите електрични автомобили на групацијата Рено, единствено 5 Е-Тек и Сеник Е-Тек се продаваат повеќе, со околу 46.000, односно околу 23.000 возила соодветно.
Успешната романска марка на Рено најавува нова генерација на Спринг, којашто ќе биде базирана врз новото електрично Рено Твинго. Произведувано во словенско Ново Место, тоа штотуку почна да се испорачува на големите пазари во Унијата. Изведбата под знакот на Дачиа ќе поседува различен дизајн на каросеријата, различна внатрешност, и соодветно пониска цена, во споредба со 19.490 евра за најдостапната верзија на Твинго Е-Тек.
Но, идната Дачиа Спринг веројатно нема да биде најдостапниот електричен модел на марката
Проструија гласини дека Дачиа подготвува нов модел, којшто ќе се раководи според концептниот автомобил Хипстер, прикажан лани, и којшто ќе биде основниот електричен модел на буџет-марката на Рено.
Дачиа го пушти концептниот автомобил Хипстер во минатата есен. Тој покажа коцкеста каросерија, долга околу три метри, што е 70 сантиметри покусо од Спринг. На лавината прашања од медиумите и од купувачите, дали се планира сериска изведба од Хипстер, менаџерите тогаш не откриваа поединости.
Во меѓувреме, ЕУ најави воведување нова категорија возила, М1Е, којашто на производителите ќе им овозможи пониски трошоци за производство на возилата. Уште се шпекулира дека тоа ќе се постигне преку поблаги норми за безбедност што ќе важат за таа категорија, но постои веројатност дека ЕУ сепак ќе се реши на производителите да им даде олеснување при пресметувањето на просечната емисија на ЦО2, за да ги поттикне да продаваат и да проиведуваат повеќе возила од категоријата М1Е.
Концернот Стелантис, исто така реагираше на престојната категорија и најави враќање на 2ЦВ, меѓутоа не како ретро модел, туку како автомобил со вешт пристап при развојот, со цел да се постигне најниска можна цена, исто како кај 2ЦВ на времето. Фиат секако нема да пропушти и работи на Пандина.

Некои медиуми добија увид во пријавата за патентирање на дизајнот на Дачиа Хипстер во базата на меѓународниот завод за патенти. На цртежите во документацијата, прикажан е дизајн што е различен од концептниот автомобил, и се верува дека тоа ќе биде изгледот на серискиот Хипстер.
Се забележуваат едноставни странични прозорци, со преклоплива половина, слично како кај четирициклите Ситроен Ами и Фиат Тополино. За разлика од концептот, серискиот Хипстер ќе има поедноставна маска и воопшто нос. Серискиот модел ќе има и обична врата на багажникот, што ќе се отвора странично.
Се претпоставува дека цената на идната Дачиа Хипстер би изнесувала околу 15.000 евра, а веројатно и помалку.
















