Dacia Duster го наполни оружјето

Од 1989 година во Романија се одбележува 1-ви декември како национален празник на обединувањето на Кралството Романија и Трансилванија. По тој повод беше претставена една мошне борбена верзија на Duster.

Воениот Duster е подготвен од Renault Technologie Roumanie и според техничарите целосно ги исполнува барањата на Романската армија и на НАТО за возила за воени потреби.

flota_armata

Duster во стандардната зелена боја на војската мина под Триумфалната капија во Букурешт, со целосна заштита на каросеријата од огнено оружје, со заштитни плочи под возилото, резервоар отпорен на куршуми, како и со вител, и специјални држачи за транспорт со хеликоптер. Највпечатлив е сепак митралезот поставен на покривот, за кого не се откриваат подетални информации.

Претходна објаваСветски рекорд со Nissan Note: Литванец влечеше 12 автомобили
Следна објаваПочна производството на Mercedes GLA

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here