Корисниците што имаат потреба од автомобил во одреден период, од еден месец до една година, можат без обврзувачки договори да изберат еден од трите модели – C3, Ami, e-C4 – плаќајќи единствено месечна рата за користење. Сé друго е вклучено во ратата, станува збор за услуга на претплата на автомобил, засега достапна само во Франција.
Новата услуга Citroën on Demand им нуди едноставно решение на клиенти на коишто автомобилот им е потребен во одреден период, односно најдолго една година. Предноста е во тоа што наемот може да се откаже практично во секое време. Нема обврзувачки договори, нема хипотеки, жиранти, нема неизвесност. Услугата засега може да се користи само во Франција.
Целата постапка на изнајмување се врши онлајн, со избор на големина на возило, погон со бензински мотор или електромотор, со избор колку да биде месечното ограничување на километражата.
Во рамките на Citroën on Demand се нудат три модели – електричен квадрицикл Ami, практичен C3 или комотен Ë-C4, којшто исто така користи електричен погон.
Прво се потпишува минималниот период на користење, од еден месец до една година. По истекот на тој период, може да се продолжи со користење месец за месец. Суштината е во тоа што користењето на автомобилот потоа може да се откаже со само 5 денови преднајава. Ратата зависи и од максималната километража што ќе се договори, од 850 до 2.350 километри месечно. Се плаќа и депозит во висина на две месечни рати, којшто се враќа по престанокот на услугата.
Пример Citroen on Demand за квадрициклот Ami: Месечна рата 180 евра, за договорено користење во период од 12 месеци, со максимум 850 km месечно
Новите корисници назначуваат адреса на којашто ќе им биде испорачано возилото и договараат време со „Jockey“, што ќе го изврши предавањето. Истата постапка може да се договори и при престанок на користењето на возилото. Услугата чини 250 евра. За директно преземање на возилото од дилерски салон, секако дека нема екстра трошоци.
Како изгледа процедурата може да се погледне на
https://www.citroen.fr/louer-partager.html
Тест · Citroen C5 X Hybrid 225 · Премиумот одеднаш станува неважен поим