Почнувајќи од 24-ти ноември, на каналите на Mercedes-Benz на највлијателните друштвени мрежи – LinkedIn, Instagram, Facebook и Twitter – во период од една недела ќе се пуштат повеќе од 50 објави под хаштагот #allforsafety.
На тема безбедност, на своите профили ќе објавуваат и извршниот директор Ола Келениус, како и директорите на подрачјата на истражување и развој, маркетинг и продажба.
Објавите се од најразличен вид, почнувајќи од интерактивни квизови, преку претставување на експертите од подрачјата што се важни за безбедноста, до анимации и видеа. Во нив ќе се претставува начинот на работа на иновативните системи за безбедност на Mercedes-Benz, на забавен и информативен начин.
По завршувањето на неделата што е посветена на безбедноста, на каналите на Mercedes-Benz до завршетокот на годината ќе бидат пуштени уште 40 дополнителни објави на истата тема.
Оваа акција е поттикната од фактот што безбедноста претставува неразделен дел од генетскиот запис на Mercedes-Benz и марката сама презема одговорност за сите прашања во поглед на безбедноста.
Марката со сребрената ѕвезда одбележува два јубилеи. Пред 25 години, познатата случка со A-Class и „еленскиот тест“ во Шведска беше повод за забрзано да се воведува електронската програма за стабилност (ESP) во сериската опременост на возилата. Пред дваесет години, пак, Mercedes-Benz во системот Pre-Safe првпат ги соедини системите за активна и пасивна безбедност, со цел да се спречат самите незгоди и судири.
Следната целта кон којашто се движат возилата на Mercedes-Benz е по 2050 година да не се случуваат сообраќајни незгоди и бројот на загинати и тешко повредени лица во сообраќајот до 2030 година да се преполови во споредба со 2020 година. Овие цели се дел од „Vision Zero“, како идеал за сообраќај без повредени и загинати.