за

Не мора секогаш планински, може и брзински велосипед

Одлична мотивација да се вози велосипед следи брзо по излегувањето од градот, по споредните патишта, кога ќе се забележи колку многу велосипедисти има по патиштата. Велосипед се вози во Македонија, спортски или рекреативно, за секаков терен, но и тркачки.

На луѓето што обожуваат да вртат педали, покачувањето на акцизата за гориво не им влијае врз нивната мотивација да возат велосипед. Тие што досега возеле велосипед, ќе продолжат, за во секоја следна сезона да им се придружуваат уште илјадници. Некои од нив ќе се решат за брзински велосипед. Што е потребно да се почне, покрај брзински велосипед, секако?

Илјадниците спортски велосипедистки и велосипедисти што дел од викендов го минуваат на две тркала се најдобрата „реклама“. Возењето велосипед е здраво, добро е за расположение, се ужива во природата, има поттик и за љубителите на техниката. Направивме список на опремата што е потребна за беспрекорно да се стартува со возењето брзински велосипед, како оние што се возат на Тур де Франс, на Џиро или на Вуелта.

Тркачката машина

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кога се почнува со џогирање, доволни се само спортски обувки. За возење брзински велосипед се потребни малку повеќе работи. Овие велосипеди обично чинат по неколку илјади евра, но различно од општото убедување, постојат солидни модели што чинат под 1.000 евра. Ракувањето и возните својства се на повеќе од задоволнително ниво и во таа категорија на цени. Пример за таков модел, кој повеќе ќе послужи како ориентација, затоа што не се нуди во Македонија, претставува Stevens San Remo, со алуминиумска рамка и со вилушка од карбон. Тие што очекуваат да добијат три запченици напред, како што беше случај до пред неколку години, нема потреба да негодуваат. Денес се вградуваат компактни запченици, конкретно кај спомнатиов модел станува збор за погон Shimano Tiagra 2×10. Тие се полесни, но затоа се сосем секој доволни и за поголеми стрмнини.

Не го заборавајте шлемот

Нема возење без шлем. Тој ја заштитува главата при пат, секако под услов да налегнува правилно и да е наместен соодветно. Пробајте неколку модели и внимавајте шлемот да не лизга при клатење на главата. Постојат специјални модели за брзински велосипедисти, кои се посебно лесни и имаат отвори што го спроведуваат струењето на воздухот околу целата глава. Таков врвен модел е Abus Viantor Quin (цена во Германија 139,95 евра). Во цената „спаѓа“ и сензорот што го известува лицето што е регистрирано во системот, при пад на велосипедистот. Наменски очила, што штитат од провев, од заслепување од сонцето, а секако и од прашина и инсекти, исто така е задолжителна опрема. Препорачлив модел се спортските и велосипедски очила Mighty Rayon G4 Pro (цена 44,90 евра). Посебност на моделот се обложените стакла што се заменуваат соодветно на времето.

Шорцевите со прерамки се стандард

Моделите на шорцеви што имаат прерамки станаа стандард кај брзинските велосипеди. Предноста е во тоа што во специфичната положба за овие велосипеди се избегнува притисок врз стомакот, што е проблем кај обичните шорцеви без прерамки. Покрај тоа, не се чувствува студ при долги и брзи спустови. Добар избор на марка е Vaude (околу 90 евра). Дамите почесто се решаваат за шорцеви со широк ластик, значи за модел без прерамки (исто така Vaude, околу 100 евра). Велосипедските шорцеви се обложени со посебен слој, што го смалува триењето.

Трикото е втората кожа

New photo by Automedia MK / Google Photos

Велосипедистките и велосипедистите не седнуваат на својата тркачка машина без трико од наменски материјал што се суши брзо и има добра пропустливост. Кој сака да изгледа како професионалец и да носи трико со лого на марката на својот велосипед, може да мине и поевтино. Овие спонзорски трикоа нудат одлична противвредност и висок квалитет. За моделот од нашиот пример, Stevens, соодветно трико би чинело околу 80 евра. Покрај три џебови назад, добрите трикоа имаат и патент по цела должина. Непишано правило е да не се избира трико од професионален тим – освен ако не самите не сте член.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ветровка треба да се носи и при топло време. За многумина ќе биде изнедување колку е голема температурната разлика меѓу искачување при коешто буквално се цеди пот и брзо спуштање. Некои модели стуткани ги собира и во џеб во трикото (цена околу 55 евра). Единствено недостигаат уште нараквици. Тие штитат при пад и ги придушуваат вибрациите. Покрај тоа, со цврстата внатрена страна може да се исчисти газечката површина на гумите, по влегување во песок или при скршено стакло на патот. Цената на пристојни нараквици изнесува околу 35 евра.

Добра опрема за по пат

На секое возење треба да се понесе алат и комплет за поправка на гума. Постојат готови комплети, во кои резервна гума и практичен алат се спакувани на најмал простор и обично чинат околу 25 евра. Најпрактични се комплетите што се прицврстуваат под седиштето. Во поглед на резервните гуми, треба да се бара лесна и издржлива гума, на пример Schwalbe Aerothan (околу 30 евра). Мини-пумпа секако дека не смее да се заборави (SKS Germany Airboy, околу 25 евра), при што треба да се внимава таа да одговара за вентилите Sclaverand што се вообичаени кај тркачките велосипеди. Доколку се користи изведба без внатрешна гума, при што внатрешноста е исполнета со слој од густа маса, тогаш треба да се има предвид средство Schwalbe Doc Blue (шише од 60 ml, околу 7,50 евра), што е доволно за две гуми.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Останува уште да се понесе пијалок и енергетски бар. И уште еден „детал“. Тркачките велосипеди обично располагаат со клик-педали, при што обувките се цврсто споени со педалите. Во тој случај, воопшто нема да биде на одмет претходно да се повежба во место со „кликнувањето“. Или едноставно може да се вози без клик.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 106 одбележува 30-годишнина

lamborghini фабрика

Lamborghini распродаден за 2021 година