Lamborghini распродаден за 2021 година

lamborghini фабрика

Извршниот директор Штефан Винкелман во интервју за агенцијата Bloomberg изјави дека 2021 е одлична година за неговата марка. Производството во Сант Агата Болоњезе е резервирано до крајот на октомври, за нови нарачки ќе мора да се чека најмалку до ноември и декември.

Lamborghini лани имаше незначително намалена продажба во споредба со 2019 година, но само поради тоа што таа беше рекордна за марката со бик во логото. Сант Агата годинава надоместува за сé. Во првиот квартал е постигната рекордна продажба, со раст од близу 25 проценти.

Сите рекорди на италијанската марка доаѓаат од ист „извор“. Тоа секако дека е суперспортскиот СУВ, Lamborghini Urus. Моделот стартуваше со продажба во 2018 година. Не изненадува тоа што 2021 е рекордна година за болоњската марка, затоа што продукцијата уште од лани беше целосно резервирана до половината од годинава.

Претходна објаваНе мора секогаш планински, може и брзински велосипед
Следна објаваНеразумно до неодоливост: Brabus 900 Rocket Edition

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here