Инженерите на Brabus секогаш имаат нешто ново за работа, иако нивната работа се екстремите. Но, и врвот е релативен. Од германското гратче Ботроп доаѓа најновата преработка на Mercedes G-Class во форма на 900 Rocket Edition. Тоа е врвот, засега.
Brabus 900 Rocket Edition e моќен колку земјотрес, лавина, пролетна поплава, колку природна катастрофа. Така може да се заклучи од сцените со коишто традиционалниот и топ-тјунер за Mercedes (и Tesla) го запознава светот со своето ново дело. Иако со своите 2,5 тони и со аеродинамичност на прекуокеански контејнер е далеку од претставата за спортски автомобил, Rocket е побрз и од некои од најбрзите модели на Porsche.
„Истави се, тука јас владеам“, така би гласело мотото на оваа моќна машина што ги игнорира природните закони и не покажува посебна загриженост за климатските промени или за електрификацијата. Не е „проблем“ ако неколку автомобили како овој загадуваат повеќе од останатите, затоа што со цената од 570.000 евра, сепак ќе моќат да си го дозволат само малкумина. Дополнително ограничува и самиот тјунер. Brabus ќе изработи само 25 примероци од Rocket Edition.
https://photos.app.goo.gl/bcAHGFdSh4g1JaTM8
Основата e Brabus 800, којашто e далеку од тоа дека е недоволно моторизирана, па ѝ треба третман за моќност. G 63 излегува од фабриката во Грац, во Австрија, со 585 КС. Но, тоа пак е недоволно за Brabus. Во 900 Rocket Edition работи најмоќната машина од Ботроп. Четирилитарскиот V8 од AMG GT е „бушен“ на 4,5 литри и место 800 КС, како во Rocket, тука постигнува 900 КС и 1.250 њутнметри во специјалната серија Rocket Edition.
Двете издувни цевки се осветлени во „жешка“ црвена боја. Инженерите дури и го поднамалија вртежниот момент на 4,5-литарскиот V8 на 1.050 њутнметри, затоа што автоматикот не може да издржи повеќе. Но, не е проблем. Brabus 900 Rocket Edition со своите 2,5 тони спринтува за 3,7 секунди до темпо сто. Ограничувањето на 240 km/h тука не важи, специјалната серија место тоа продолжува да забрзува до 280 km/h.
https://photos.app.goo.gl/xnj5NuNxqZwMmHn98
Секако дека соодветно на моторот се извршени преправки и во подвозјето и во сопирачките, за овој монструм да може да се стави под контрола. Бројните каросериски додатоци се изработени од карбон. За цената што ја наплаќаат за својата работа, мајсторите во Ботроп го сработуваат и ентериерот, толку врвно и благородно, што и Maybach во некои делови заостанува.
https://photos.app.goo.gl/HNrCxPN63PBDaVpx8
















