за

Brabus пристига во Женева со G-Class со 800 КС

Brabus 800 Widestar Mercedes G 63 AMG

Кај автомобилите од оваа тјунерска работилница зборуваат бројките: 800 КС, ковани бандажи од 23 инчи, крајна брзина од 240 километри на час.

Brabus има нова ѕвезда меѓу своите „суперавтомобили“. Светска премиера на салонот во Женева има Brabus 800 Widestar, преработка врз основа на G 63 AMG. Моторот е веќе класичниот четирилитарски V8 со битурбо натполнење, но и некласични 800 КС и 1.000 њутнметри.

Тоа резултира со вредности кои се сосем неочекувани од еден теренец. Спринтот до сто трае 4,1 секунди, а крајната брзина е ограничена на 240 km/h. Посебно внимание привлекуваат проширената каросерија и кованите бандажи од 23 инчи. Секако дека внатрешноста изгледа исто толку моќно.

Моќноста од 800 КС при 6.600 вртежи во минута е постигната со сопствени турбокомпресори на Brabus, со максимален притисок од 1,6 бар. Врвот на мајсторството на прочуената тјунерска работилница од германскиот Ботроп е гаранцијата до 3 години или 100.000 километри.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Mercedes-AMG се збогува со шестлитарскиот V12 во S-Class

Mercedes-AMG GLE 53 со мала напомена: Благ хибрид

Mercedes прави игралиште за G-Class во Австрија

Mercedes GLS со приколка за кампување во багажникот

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шпанија субвенции електрични возила

Шпанија со 45 милиони евра субвенции за електрични возила

volvo ограничување брзина

Автомобилите на Volvo по 2020 година ќе возат најбрзо 180 km/h