за

Британците попрво ќе купат кола од принц Чарлс отколку од Борис Џонсон

Британците попрво ќе купат кола од принц Чарлс отколку од Борис Џонсон
Британците попрво ќе купат кола од принц Чарлс отколку од Борис Џонсон

Борис Џонсон победи на изборите за премиер, но Британците најмалку би купиле автомобил од него. Во оригинална анкета, луѓето одговараа на која позната личност ѝ веруваат најмногу, за да би купиле автомобил од неа. Симболиката е голема.

Возачките и возачите во Велика Британија не им веруваат на политичарите, во случај да треба да купат автомобил од нив. Премиерот Борис Џонсон лесно ја понесе победата во ноќта на изборите, меѓутоа кога островјаните би требало да купат автомобил од него, тие немаат многу доверба. Така покажа анкетата на познатиот портал за трговија со автомобил CarGurus.

Според гласовите од посетителите на порталот, новоизбраниот британски премиер се најде на 11-то од 15 места. Тој воедно им е познат и на читателите на автомобилски медиуми во земјата, во неговата куса кариера како автомобилски критичар во магазинот GQ.

Ниту другите политичари не минуваат толку лесно како продавачи на автомобили. Лидерот на лабуристите Џереми Корбин, пасиониран велосипедист кој дури и не поседува автомобил, се најде на 12-то место, додека лидерот на партијата за брегзит Најџел Фараџ, кој не успеа да освои ниту едно место, е политичар со најмалку доверба, на 13-то место.

Во анкетата учествуваа повеќе од 2.000 возачки и возачи, од кои беше побарано да посочат име на јавна личност во којашто имаат најмалку доверба, кога станува збор за купување автомобил од неа.

Светски познатиот водител Сер Дејвид Атенобоу би бил најдобар продавач, иако 93-годишникот не успеал да мине на возачки тест. Кралското семејство исто може лесно да продава автомобили, а веднаш по нив следи и Кралицата.

Дејвид Бекам е четврти, но неговата сопруга е на послетното место. Од пејачите, Ед Шеран е шести, пред Адел и Стормзи.

Најдоверливи јавни личности за продавач на автомобили:

  1. Дејвид Атенбороу
  2. Принц Вилијам и Кејт Мидлтон
  3. Кралицата
  4. Дејвид Бекам
  5. Џуди Денч
  6. Ед Шеран
  7. Холи Вилоуби
  8. Принц Хери и Меган Маркл
  9. Адел
  10. Мери Бери
  11. Борис Џонсон
  12. Џереми Корбин
  13. Најџел Фараџ
  14. Стормзи
  15. Викторија Бекам

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota прави роботи, зошто и во тоа е добра

Toyota прави роботи, зошто и во тоа е добра

М Кар ги бара најубавите Mini за да ги награди за Нова Година

М Кар ги бара најубавите Mini за да ги награди за Нова Година