за

Toyota прави роботи, зошто и во тоа е добра

Toyota прави роботи, зошто и во тоа е добра
Toyota прави роботи, зошто и во тоа е добра

Одделението за роботика на јапонскиот концерн Toyota разви нова и усовршена изведба на својот „топ-модел“, T-HR3. Станува збор за хуманоиден робот, кој во меѓувреме стана толку вешт, што движењата повеќе личат на човек, отколку на машина.

Третата генерација на хуманоидниот робот го прави тоа што децата некогаш го изведуваат како игра – имитирање, повторување на истите движења на друг човек. Секако дека во случајов станува збор за врвна технологија. Конструкторите на T-HR3 направија нивниот робот да се контролира преку човечко движење, односно преку таканаречениот главен систем за управување. Тоа е како еден столица на којашто се седи со цела низа сензори на себе.

Роботот на Toyota може да ги врши секојдневните задачи место човек, растоварувајќи го од прекумерно напрегање или помагајќи во случај на одредена попреченост. Дополнително е смалена и тежината на роботот.

Уште една работа со којашто техничарите на Toyota сакаат да ни остават впечаток е способноста на ти-ејџ-ар-три да собира монети. Тоа е овозможено со примена на нови сензори на врвовите на прстите, од коишто потоа произлегува соодветна повратна реакција до прстите на човекот што ракува со роботот.

Toyota го нуди совозачот Киробо како дополнителна опрема

T-HR3 е член од цела фамилија роботи. Toyota меѓу другото изработи и маскота за Олимписките Игри во Токио в година – нормално, тоа е робот-маскота. Малите маскоти и поголемиот T-HR3 од вчера учествуваат на меѓународниот саем за роботика во Токио, кој се одржува до 21-ви декември. Најсреќните посетители ќе можат и да се ракуваат со новиот робот на Toyota.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot и Fiat Chrysler отпочнуваат постапка на спојување

Peugeot и Fiat Chrysler отпочнуваат постапка на спојување

Британците попрво ќе купат кола од принц Чарлс отколку од Борис Џонсон

Британците попрво ќе купат кола од принц Чарлс отколку од Борис Џонсон