Автомобилските компании Fiat Chrysler Automobiles и Peugeot S.A. денес потпишаа спогодба за рамноправно спојување на своите бизниси. Со тоа ќе се создаде четвртиот најголем производител на автомобили во светот според бројот на продадени возила, односно трет најголем производител според прометот.
Заедничката компанија годишно ќе продава 8,7 милиони возила, додека прометот ќе достигне 170 милијарди евра. Оперативната добивка ќе изнесува преку 11 милијарди евра, оперативната марша 6,6 проценти. Сите вредности се изведени врз основа на резултатите од лани.
Француско-германско-италијанско-американскиот производител ќе има избалансирана понуда од модели кои одлично ќе се надоврзуваат еден со друг, во сите важни сегменти, од луксузни, премиум и големоволуменски модели, до СУВ и пикапи, како и лесни доставни возила. Моќта на концернот се темели на присуството на FCA во Северна и Латинска Америка од една страна и од солидната позиција на PSA во Европа.
Според резултатите од лани, компанијата ќе реализира 46% од прометот во Европа и 43% во Северна Америка. Со спојувањето се отвораат можности за стратешки настап во други региони ширум светот
Поради поголемиот број возила што ќе користат иста платформа, мотори и технологии, компанијата ќе може поевтино да набавува на пазарот, а воедно да им понуди дополнителна вредност на своите акционери. Повеќе од две третини од моделската понуда ќе се базира врз две платформи. По три милиони автомобили годишно ќе се базираат врз „малата“ платформа, одмносно врз платорфмата за модели од компакт и средната класа.
Само од користењето заеднички компоненти ќе се заштедат околу 40% од трошоците за развој и производство, во висина од 3,7 милијарди евра. Следни 40% заштеда ќе доаѓаат од поевтините набавки на компоненти кај добавувачите, а 20 проценти ќе се постигнат од заедничкиот маркетинг, ИТ-сектор, администрација и логистика. Поради тоа нема да има потреба од затворање фабрики.
Управниот совет ќе се состои од 11 членови, од кои мнозинството е независно. Пет членови во советот ќе делегираат FCA и неговите главни акционери (вклучувајќи го Џон Елкан како претседател) и пет членови ќе бидат именувани од PSA и од неговите акционери. За завршување на трансакцијата, два члена во управниот совет ќе доаѓаат од синдикатите на FCA и PSA. Претседател на компанијата во следните пет години ќе биде Карлос Таварес, кој воедно ќе биде и член на советот.
Новата групација ќе биде со седиште во Холандија и ќе котира на берзите во Париз, Милано и Њујорк
Уделот на Exor, Bpifrance, DFG (Dongfeng) и фамилијата Пежо (EPF/FFP) се замрзнува во рок од седум години, со можност фамилијата Пежо да го зголеми уделот во комбинираната компанија, преку откуп на удели од Bpifrance и/или DFG и/или на берзата, во висина до 2,5% (односно 5% на ниво на PSA).
https://twitter.com/AfterInvestor/status/1207319885472292864?s=20
Карлос Таварес, претседател на управниот одбор на групацијата PSA, изјави: „Нашето спојување е огромна шанса да се зазедде посилна позиција во автоиндустријата, со цел да се реализира преоѓањето во светот на чиста, безбедна и одржлива мобилност, нудејќи им на нашите клиенти првокласни производи, технологии и услуги.“
Мајк Менли, извршен директор на FCA, додаде: „Ова е спојување на две компании со неверојатни марки и со искусен и посветен персонал. Двете компании ги надминаа своите најтешки периоди и прераснаа во агилни, интелигентни и убедливи конкуренти.“
Renault во посилен сојуз со Nissan и Mitsubishi по откажувањето на Fiat
















