за

Доделена Honda HR-V во наградната игра на Макпетрол

honda hr-v наградна игра макпетрол
honda hr-v наградна игра макпетрол

Во продажно сервисниот салон на Honda денес свечено се доделуваа наградите од финалното мастер коло и од деветтото редовно коло од наградната игра „Со Верна полни и секогаш добиј“ на Макпетрол. Главната награда беше Honda HR-V.

Заврши наградната игра на Макпетрол, „Со Верна полни и секогаш добиј“ која започна на 1-ви март и траеше до 9-ти декември. Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Хонда ги додели наградите од финалното мастер коло, како и од деветтото редовно коло.

Пред 5 години, со желба да ја покаже својата благодарност кон лојалните потрошувачи, компанијата Макпетрол ја лансираше програмата за лојалност Верна, преку која обезбедува дополнителни погодности и предности за верните потрошувачи.

Во петте години досега се случуваше постојан раст на кругот на корисници и збогатување на платформата за наградување на лојалните, верните корисници

Како компанија секогаш свртена кон потребите и желбите на своите потрошувачи, долго време посветивме да ја создадеме и да ја отпочнеме програмата за лојалност Верна. Со текот на времето, програмата беше проширена со наградни игри, како и со многубројни промоции во маркетите на нашите бензинските станици. Денес, после 5 години од отпочнувањето на програмата, семејството Верна брои 183.000 членови,“ изјави Мишко Тасевски, раководител на маркетинг.

Покрај наградната игра, компанијата ја разви и апликацијата Верна GO која овозможува полесно менаџирање на поените и дополнително го олеснува добивањето на потребните информации поврзани со производите и услугите што ги нуди Макпетрол за своите верни потрошувачи.

Оваа година во наградната игра учествуваа над 1.500.000 трансакции што покажува дека потрошувачите го препознаваа квалитетот на производите и услугите на компанијата

Во наградната игра годинава, компанијата подари 9 лаптопи Dell, 18 викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 90 ваучери за Lubex моторни масла, 90 ваучери за гуми, 90 ваучери за Crystal car средство за стакла, 90.000 Верна поени, косилка за трева Honda, скутер Honda, гумен чамец со приколка и мотор Honda и четрицикл ATV Honda.

Наш најголем приоритет, покрај снабдувањето на пазарот на нафтени деривати со квалитетно гориво, секогаш се нашите потрошувачи. Наградната игра е начин преку кој им се заблагодаруваме на нашите верни потрошувачи. Пет години Верна програма, 183.000 членови и повеќе од 1.700 досегашни добитници на разни награди се реалност која навистина треба да се потенцира“, кажа Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од компанијата додадоа дека наградната игра ќе продолжи и наредната година, а повеќе детали ќе соопштат во друга прилика. „Оние наши верни потрошувачи кои досега не беа дел од добитниците во наградната игра оваа година, би сакал да ги охрабрам да продолжат да точат гориво на бензинските станици на Макпетрол и да ги користат дополнителните содржини кои ги нудат нашите бензински станици. Идната година ќе донесе уште повеќе можности за добивка, награди и акции,“ додаде Георгиевски.

Ацко Арсовски со број на Верна картичка 242763 беше среќниот добитник на лап топ Dell, додека најсреќен оваа јубилејна година беше Абдулах Јетиши со број на Верна картичка 356718, добитник на главната награда, Honda H-RV.

Од компанијата ги честитаат претстојните празници, и оние кои не биле толку среќни оваа година, ги повикаа да продолжат да бидат дел од програмата Верна со надеж дека во 2020 година ќе им се насмевне среќата.

Метан почна да се точи на Макпетрол во Гевгелија, наскоро и во Битола

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Puma со пет ѕвезди на тестот на Euro NCAP

Ford Puma со пет ѕвезди на тестот на Euro NCAP

Peugeot и Fiat Chrysler отпочнуваат постапка на спојување

Peugeot и Fiat Chrysler отпочнуваат постапка на спојување