М Кар ги бара најубавите Mini за да ги награди за Нова Година

М Кар ги бара најубавите Mini за да ги награди за Нова Година
М Кар ги бара најубавите Mini за да ги награди за Нова Година

Во јубилејната година на веројатно најмалиот автомобил со најголема популарност, Mini ги повикува сопствениците на автомобил од марката да испратат фотографии од своето возило и да учествуваат во наградната игра што трае до 31-ви декември.

Целата глобална мрежа на Mini годинава ја мина во одбележување на големиот јубилеј, 60 години од појавувањето на првата генерација на автомобилот. Македонскиот М Кар по тој повод подготви посебна роденденска понуда за Mini One и Mini Cooper S, заедно со други вредни роденденски изненадувања.

На десетина денови пред завршетокот на годината, следи уште едно убаво изненадување. Увозникот ги повикува сопствениците на Mini во Македонија да се регистрираат на посебниот вебсајт mini-mcar.mk и да прикачат фотографии од својот автомобил.

По завршетокот на пријавувањето на 31-ви декември ќе следи и избор на најубавите Mini, за сопственичките и сопствениците на петте победнички автомобили да добијат уникатни награди.

И ние годинава имавме едни од најзабавните возачки моменти во плагин-хибридниот Mini Cooper S E Countryman,  кога минавме повеќе од 200 километри само на струја – со неколку полнења на батеријата во меѓувреме.

Претходна објаваБританците попрво ќе купат кола од принц Чарлс отколку од Борис Џонсон
Следна објаваTesla го постави својот 500-ти суперполнач во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here