за

BMW нуди карбонски тркала за своите мотоцикли

Намалување на тежината за близу два килограми во тркалата има многа поголема „тежина“ отколку што се чини првично. Тоа води до подобри возни својства, подобро забрзување, подобро сопирање, сé е подобро.

bmw карбонски тркала S 1000 RR

Карбонот што првично беше наменет за аеро- и астронаутиката, одамна се докажа како цврст и лесен материјал во мотоспортот, а сега е достапен и во мотоциклите на BMW. Огранокот што е нераздвоен дел од минхенската групација моментно го користи карбонот секогаш кога е потребна комбинација од најниска тежина и највисока цврстина.

Карбонските тркала за BMW S 1000 RR што го носат знакот на M Performance се вистински пример за најдобра можна примена на лесниот материјал. Предностите се очигледни. Пониската тежина значи и пониска ротирачка маса, а тоа води до подобро забрзување и подобро сопирање, а секако и до подобри возни својства. Сето тоа кусо, мотоциклите стануваат уште поуправливи и порбзи.

На крајот користи и изгледот, затоа што карбонската површина на тркалата е премачкана со проѕирен лак со висок сјак. Тоа прави тркалата да изгледаат благородно, со темно црната структура што свети.

Карбонските тркала од M Performance за BMW S 1000 RR се полесни вкупно 1,7 килограм од сериските алуминиумски тркала, кои лани исто така беа олеснети за 1,6 килограм.

Сите компоненти, како сопирачките дискови дебели 5 милиметри (сериски 4,5 mm), сензорските прстени, лежиштата и вентилите RDC се вклучени во цената за двете тркала од вкупно 3.990 евра на германскиот пазар. Карбонските тркала се достапни веќе од почетокот на месецов.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Taycan моделско годиште 2021

Porsche Taycan е „порше“ и на полнач за струја

Porsche на три часови „рента“ стана мошне популарна услуга

Секој четврти возач е заинтересиран за претплата на автомобил