Секој четврти возач е заинтересиран за претплата на автомобил

Porsche на три часови „рента“ стана мошне популарна услуга

На европската автомобилска сцена многу се зборува за претплатата на автомобил. Постојат посебни онлајн-платформи што се специјализирани за такви понуди, како швајцарскиот Upto. Услугата ја нудат и самите производители, пример за тоа е Care by Volvo. Традиционалните рентакар-компании исто така се приклучуваат. Europcar, кој располага со филијала во Македонија, на клучните европски пазари нуди т.н. MobilityFlat, за неограничено користење на рентакар-возилата.

Секако дека се најважни предностите и придобивките за самите корисници, за возачките и возачите. Главната одлика и воедно предност е тоа што во претплатата за автомобил веќе се вклучени буквално сите трошоци, освен горивото. Во месечната рата се вклучени осигурување, регистрација, редовен технички преглед, замена на потрошните делови, па дури се опфатени и евентуални помали дефекти. Предност е тоа што претплатата може да се откаже во секое време.

Компаниите не погрешија што вложија во новиот начин на „продажба“ на возила. Интересот е голем, а поради корона-кризата и клиентите се повеќе расположени да ја користат услугата. Едно истражување спроведено во Германија открива какво е расположението меѓу возачките и возачите во земјата, кои планираат да купат нов автомобил во следните 24 месеци.

Најголемиот дел од возачите уште не ги напушта традиционалните начини на обезбедување автомобил, еден од десет не е решен меѓу двете опции

Еден од секои четири возачи покажува интерес да користи месечна фиксна рата за користење на возилото, без дополнителни трошоци. Тие ценат дека претплатата на автомобил е алтернатива за купувањети или лизингот на автомобил. Меѓутоа, шест од десет анкетирани лица уште не се убедени околу предностите на новата понуда. Еден од десет возачи уште се нема решено за една од двете опции.

Производителите на автомобили, како Volkswagen, Mercedes и Audi, имаат големи планови со новата услуга. Бизнисот со претплата на автомобил несомнено има иднина и ќе влијае врз целата бранша и врз развојот на идните автомобили.

>>> Kia на рента од еден ден до една година во Италија и Русија

https://www.instagram.com/p/B-jUnCtDJ9i/

Претходна објаваBMW нуди карбонски тркала за своите мотоцикли
Следна објаваЕлектричната Škoda Enyaq воведува нов дизајн на светлата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here