за

BMW ги одложува плановите за фабрика во Унгарија

BMW ги одложува плановите за фабрика во Унгарија
BMW ги одложува плановите за фабрика во Унгарија

BMW ги скусува трошоците во актуелната ситуација околу корона-кризата. Планот за изградба на фабрика со голем производствен капацитет во Унгарија засега се става во мирување.

Производителите на автомобили ги бараат сите можни начини да ги ублажат големите финансиски губитоци што се предизвикани од пандемијата од корона. Во таа насока, BMW откажа неколку од планираните инвестиции. Директорот за финансии на BMW, Николас Петер, изјави за гласникот на браншата Аутомотив Њуз, дека дополнителна една милијарда евра ќе се задржи во касата со одложување на изградбата на голема фабрика во Унгарија: „Актуелната ситуација нé наведува да откажеме неколку проекти.“

Според првичниот план, изградбата на фабриката требаше да започне во текот на годинава, во источна Унгарија, во близина на Дебрецин, покрај границата со Романија. Производството беше планирано да стартува во 2023 година. Според информациите, изградбата засега се одложува за најмалку една година. Веста нема да ѝ се допадне ниту на локалното население. Во фабриката требаше да се отворат околу 1.000 работни места. Планираната продукција е 150.000 автомобили годишно, вклучувајќи и модели со електричен погон.

BMW одликуван како најдобар работодавец во светски рамки

BMW одликуван како најдобар работодавец во светски рамки

Веста од 2018 година >>> BMW гради фабрика во Унгарија вредна една милијарда евра

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првпат продадени повеќе пикапи отколку автомобили во САД

Првпат продадени повеќе пикапи отколку автомобили во САД

Електричниот Chevrolet Bolt ќе добие и кросовер изведба

Електричниот Chevrolet Bolt ќе добие и кросовер изведба